Лажни се сите дојави за бомби во 13 основни и 6 средни училишта


Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје, а завршија сите потребни проверки, соопштија од полицијата.   Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје […]

Сослушани вешти лица за случајот „Софтвери“


Судењето за случајот „Софтвери“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, продолжува на 22 февруари, откако во Основниот Кривичен суд Скопје на предлог на одбраната денеска сведочеа вешти лица.   Сослушани беа вештите лица Милица Шутова, вешто лице од областа на интелектуална сопственост, и од вештото лице Ристо Котев од област […]

Ленин: ЈСП ќе направи сè за да го одложи судењето за долгот од милион евра


Одложено е рочиштето од судењето по тужбата од „Слобода превоз“ против ЈСП за долг од милион евра, а причина за тоа е барањето на јавното претпријетие кое вели дека не е завршено вештачењето. Судот го прифатил барањето на ЈСП, по што следното рочиште го закажа за април. „Очекувавме вакво нешто. Од ЈСП прават сè за […]

Тим од 40 лица од ДЗС на терен во турскиот град Адијаман


Првиот тим за спасување составен од 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во градот Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување. Како што соопштија од ДЗС, истовремено се прават процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнување вториот тим кој […]

Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија


  Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес,  Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји […]

(Фото) Болните од цистична фиброза се простија од Благојче пред Владата


Болните од цистична фиброза, денеска пред Владата се простуваа со Благојче Ивановски, кој почина пред два дена, а не дочека државата да го донесе лекот „трикафта“. Пред неговата слика запалија свеќа, донесоа букети цвеќе и со минута молк и наведнати глави се простија од Благојче. На овој начин болните од цистична фиброза го искажаа својот […]

Ковачевски разочаран од Сали, можел да направи повеќе за Благојче


Премиерот Димитар Ковачевски  утрово во телефонски разговор со министерот за здравство, Беким Сали го замолил да размисли дали може да го продолжи својот мандат бидејќи не сторил доволно за да ја спречи смртта на Благојче Илијевски, која според него е прерана. -Прашањето е зошто не направивме? Зошто толку се одложи се откако ветивме, па дури […]

Петнаесет средни училишта добија вело-паркинзи како донација од Стопанска банка


Петнаесет средни училишта во Скопје изминатиот месец добија паркинзи за велосипеди како донација од Стопанска банка АД – Скопје. Проектот за опремување на средните училишта со паркинзи за велосипеди со поголем капацитет е продолжение на донациите кои Стопанска банка ги реализира во соработка со Град Скопје како резултат на организацијата на шестото издание на „Вози […]

Општина Центар со 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија


На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија. Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот […]

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“


Министерот за здравство Беким Сали со објава преку социјалните мрежи информира дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“ наменет за лекување пациенти со цистична фиброза. – За 8 пациенти со цистична фиброза денеска се обезбедија буџетски средства за набавка на лекот „трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, […]

Дебарската болница за прв пат доби мамограф


Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со здравствена услуги ја покрива и општина Центар Жупа.   -Денеска сме во посета на болницата во Дебар со цел да го предадеме во употреба апаратот-мамограф. Редовно комуницираме со здравствените установи кои не информираат што им недостига, за подобра здравствена […]

Спортските обложувалници се жалат до Делегацијата на ЕУ


  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ. „Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна […]

Повторно евакуација во 18 основни и средни училишта во Скопје


Децета од ООУ „Лазо Ангеловски“, како и целиот персонал во училиштето, денеска повторно се евакуирани по дојава за поставена бомба во објектот на училиштето. Евакуирано е ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром. Родителите се револитрани. Коментираат дека најдобро е да дадат отказ од работа, за да можат да си ги земаат децата секојпат кога […]

Булингот треба да биде дел од Законот за средно образование


Врсничкото насилство да биде дел од Законот за средно образование побараа пратениците од Клубот за младински прашања и политики во Собранието на средбата со Министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Координаторката на Клубот, Моника Зајкова појаснува дека како пратениците до Министерство за образование и наука ги доставиле предлог решенијата од средношколците кои се однесуваат […]

Земјотрес во Албанија се почувствува во Охрид и во Преспа


Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.10.2022 година регистрираше земјотрес 130 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути […]

Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“


 Храна за 75 бездомници, топла облека, витамини, прекривки, постелнини, чаршафи, вреќи за спиење, перници, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца, донираше Здружението на жени менаџерки „Елит“ во пунктот за бездомници „Момин Поток“.   -Секоја подадена рака значи почит и достоинство кон секој човек, затоа што само човек со достоинство е човек, порача претседателката на […]

До недела сончево и студено, од понеделник пораст на температурите


Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, кои во сабота ќе се спуштат и до -13 степени. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и […]

Вештите лица денеска ќе се сослушуваат за случајот „Софтвери“


 Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. На предлог на одбраната, денеска ќе бидат сослушани вештите лица, технички советници, Милица Шутова и Ристо Котев. На изминатото рочиште беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата. Испрашувани беа сведоците Зорица […]

Бесправно се гради објект во близина на Самоиловата тврдина


На 30 метри од влезот на Самоиловата тврдина, се гради објект од тврда градба без дозвола, реагираат наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“, пишува Ohridnet. – Првично на 26.01.2023 направено е ископување на земја од минимум 3 метра во длабочина, а во тој дел на градот без претходно археолошко истражување не може да […]

Се вратија македонските ученици затекнати од земјотресот во Турција


Информираме дека деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во дел подрачјата во Турција загрозени од последиците од земјотресот, утрово пристигнаа во Република Северна Македонија и се во добра здравствена состојба. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција. Веднаш штом беше идентификувана групата, […]