Ковачевски и Тренчевска ќе присуствуваат на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово Масимилиано Паолучи ќе присуствуваат на официјално отворање на детската градинка „Сонце“ во Волково, Скопје. Како што соопштија од Влада, на настанот ќе присуствува и ќе се обрати и градоначалникот на […]

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Прилеп


Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените проверки е утврдено дека лажни се пријавите за наводно поставени екслозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп.     -Во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со […]

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население во Турција и Сирија


Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно  27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.  – Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот […]

Владата именуваше нов директор на ЈП „Службен весник“


 Владата на денешната седница ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија. Како што пренесуваат од Владата, на денешната, 129-та владина седница, по точката за кадровски прашања Владата донела одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП „Службен весник“ на Република Северна Македонија и да […]

ЗНМ: Неовластено преземање на авторски фотографии е кривично дело


Во насока на подобрување и заштита на авторските права на фоторепортерите, претставници на ЗНМ и членовите на Секцијата на фоторепортери при ЗНМ одржаа работен состанок со обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје. ,,Зголемениот тренд на кражба на фотографии и грубо кршење на авторското право на фоторепортерите  од страна на некои медиуми но и други комерцијални […]

Даравелски излезе од затвор


По 20 години надвор од Македонија и 35 дена во затвор, ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски излезе од Идризово и се упати дома, во Куманово, каде ќе го чека повтореното судење за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“, за во 2008 година беше осуден на затворска казна од седум години. Случајот се враќа […]

Усвоен Нацрт концепт за дигитална трансформација на општеството


Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој претседава вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот состанок, на кој беше усвоен Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството.   Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството, соопштија од кабинетот на Грковска, почива на четири принципи – владеење на […]

Глобалното затоплување може да ни донесе маларија, зика, лајмска болест и други заразни заболувања


Новите енергетски трендови, како и сé позагрижувачката состојба со климатските промени, односно глобалното затоплување, доведуваат до можност за интензивно распространување на заразни заболувања во географски предели каде досега не биле регистрирани. На ова предупредува асс. д-р Драган Кочински, специјалист епидемиолог во Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институт за јавно здравје. Вектор-преносливите заболувања претставуваат […]

Денеска почнува и реконструкцијата на бул. „АСНОМ“


Град Скопје денеска почна и со реконструкцијана бул. „АСНОМ“ од Куќата на фудбалот, каде и се стеснува, до мостот „Близнак“. Овој потег досега не бил поправа, нема ни нов слој асфалт, а постоечкиот беше напукнат на повеќе места. Со оглед на тоа што од страната накај реката Вардар има големи тревнати површини, сосема е возможно […]

Раскопани „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Во центарот на Скопје две улици, кои заслужуваа реконструкција, се раскопани, а на нив интензивно се работи. Имнео, вчера почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митролополит Теодосиј Гологанов“, а тоа го прави Општина Центар. Како што информираат од Општина Центар, со реконструкцијата се предвидува да се […]

Дојави за бомби во 16 скопски и пет основни прилепски училишта


Нови дојави за бомби се пријавени денеска во МВР од 16 скопски и четири прилепски училишта, информираа од Министерство за внатрешни работи. „Денеска (15.02.2023) до 14.40 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените […]

(Фото) Исечени тополите спроти „Нова Македонија“


Трите тополи во Паркот на новинарите, по патеката спроти поранешниот НИП „Нова Македонија“ денеска се исечени.  Овие стебла беа високи повеќе од 15 метри, но во текот на годината не успеваа да раззеленат, па стоеја со голи гранки надвиснати над патеката за пешаци и над паркингот од другата страна.   

Пожар во Визбегово, густиот чад се гледа и од Карпош


Пожар изби во Визбегово. Црн чад се гледа и од Карпош. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје се испратени на терен, по пријавата. Пожарот е меѓу поле со пластеници на простор до кој нема асфалтен пат. Првите соседи, посочуваат дека гори најлонот на некој од пластениците, но информациите се непотврдени. Засега нема детални информации од […]

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп


 Повеќе од 200 ученици од 47 населени места во Прилепско, останаа без организиран превоз за да следат настава во средното медицинско-козметичко училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Директорката на училиштето Петра Лукароска смета дека не може да потпише анекс на завршениот договор од минатата учебна година со кој се регулираше превозот, зашто е незаконски, а не […]

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во […]

Фондот за здравство рачно ќе ги подготви исплатите, системот и натаму нефункционален


Фондот за здравство, чиј систем  е хакиран веќе десетина дена, ангажирал фирма која ќе ги  внесува рачно податоците за исплата на платите на здравствените работници и на боледувањата. Најавите од таму се дека најдоцна до понеделник ќе се реши ситуацијата која предизвика незадоволство пред се кај здравствените работници, а мајките останаа без исплата на породилно. […]

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција, Берово 150.000


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.  -Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи […]

Османи го најави годинашниот Преспа форум


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, одржа панел дискусија со домашниот граѓански сектор, вклучително и младинските организации, со која го најави одржувањето на Преспа Форум за Дијалог 2023, којшто ќе се одржи на 15 и 16 јуни  во Струга. “ПФД полека го наоѓа своето место на мапата препознатливи меѓународни форуми и прераснува во наш […]

Градоначалникот Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион


Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на денешната редовна седница, со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен регионален развој. Заблагодарувајќи се за изборот, Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, […]

Педесет и две семејства во социјален ризик од Гевгелија ќе добијат стан


Oд утре сите заинтересирани лица од Гевгелија кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, ќе можат да аплицираат за социјален стан.  Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции […]