Се поставува атмосферска канализација на дел од „Борис Трајковски“


Во полн ек е изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ на потег од крстосницата кај населба Пинтија до мостот на Маркова река со должина од 2.325 метри и изградба на нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри.

На потегот се изведува нова атмосферска канализација со вкупна должина од 2270 метри, пешачки патеки од двете страни на булеварот, изградба на велосипедска патека и ново осветлување по долж на целата траса.

До сега, решени се предмети за експропријација во вкупна површина од 37.047 м2, а во тек е експропријацијата на останатите 10.988м2.