Шаќири: Потребно е да достигнеме повисоки стандарди во високото образование и научно – истражувачката дејност


Државата има потреба од ажурирање и доследно применување на Стратегијата за образование, што ќе придонесе за квалитетно и современо образование на високообразовните институции и подобрување на научно – истражувачката дејност во земјава. Притоа, заедно треба да се стремиме и кон обезбедување на квалитетен кадар, кој во иднина ќе продолжи да ги имплементира новите стандарди во […]

Тренчевска: Уште 350 лица остануваат да се вклучат во матичната книга за евиденција


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека уште околу 350 лица остануваат да бидат вклучени во матичната книга за евиденција. Таа, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, кажа дека по повикот за пријавување во матичната книга за евиденција се јавиле 700 лица кои се веќе евидентирани. -Тоа што требаше да […]

Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби


Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање. Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни […]

Почна изградбата на станица за пречистување на отпадните води од селото Чифлик во општина Чешиново-Облешево


Општина Чешиново-Облешево ја почна втората фаза од проектот за изградба на пречистителна станица за фекалната канализација во селото Чифлик, за што дел од финансиските средства ги обезбеди преку Бирото за регионален развој и од сопствената буџетска сметка. Изведувач на градежните активности е компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје, која според потпишаниот договор треба да ги комплетира во […]

Мартовските пензии поголеми за 8,4 отсто, просечната од 17.666 денари се зголемува на 19.150


Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување […]

Шукова: МЖСПП ќе ги плаќа работниците во пречистителната станица „Југохром“


Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица. Денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со вработените на […]

Обезбедени средства за дорегулација на коритото на река Брегалница во Делчево


Во Делчево продолжуваат проектите за регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје. Активноста ќе се реализира преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион со средства од Министерството за локална самоуправа, а поддршка за реализација на проектот дадоа делчевските советници на последната 21-ва седница. -Советниците донесоа Одлука за сопствено учество на Општина Делчево […]

Ги снема плочите со податоците за статуите на Мостот на цивилизациите


Скулптурите на пешачкиот мост „Око“ подоцна преименуван во „Мост на цивилизациите“, претставуваат личности од чие време има археолошки пронајдоци на почвата на Република Македонија и чие дејствување оставило белег на овие простори. На мостот се ставени скулптури на кралевите Пердика Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, царевите Гаврил Радомир, Иван Владислав и Стефан Душан. Но, […]

Во скопска Автокоманда ќе им се зема на децата за да им се даде на возачите


  За паркирање на автомобилите мора да има место, дворовите на училиштата може и да се намалат. А и да ги нема. Децата и не мора да играат и да се дружат кога се на училиште. За оваа парадоксална ситуација пишува „Слободен печат“ објавувајќи дека во скопската населба Автокоманда, општина Гази Баба, во план е […]

Студентите се приклучуваат на средношколскиот протест


Во петок од 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците. „Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите. Ништо од она што беше ветувано […]

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“


Со испитување на вештакот Зекирија Зекири во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. На претходното рочиште беше испитано вештото лице Јованка Савова, дел од тимот што го изготви супервештачењето за предметот. Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ што […]

Поради дефект прекинато е водоснабдувањето на улица „Букурешка“


 Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улица „Букурешка“ бр.107, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка“, дел од „Париска“ и дел од „Прашка“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.

Со базенот во Рекреативниот центар ќе управува Општина Сарај


Општина Сарај соопшти дека по барање на општината, Владата ја одобри одлуката базенот во Рекреативниот центар да поминеа под управување на Општина Сарај. – Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функсионалност повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и […]

Општина Карпош ќе дава субвенции за замена на покриви и лифтови


Советот на Општина Карпош заседаваше по дваесет и трети пат, притоа разгледувајќи 22 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. По широка дискусија, советниците го усвоија предлог – правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на […]

Најмногу дожд во Охрид 28 литри на квадрат


Најмногу дожд 28 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Охрид, 25 литри во Битола, 22 во Крушево, 19 во Дебар, 10 во Прилеп, шест во Демир Капија, пет во Гевгелија, а четири литри во Скопје. Најстудено утрово е на Попова Шапка со -6 степени, во Маврово е -3, во Скопје плус четири […]

Снег на Ѓавато, сообраќајот се одвива по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има на планинскиот премин Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од […]

Зголемувањето на пензиите на седница на Советот за социјална сигурност


– Во Владата денеска ќе се одржи вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите.   На состанокот со кој ќе претседава министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе учествува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.    Владата најавува учество на експерти од […]

Владина комисија треба да се изјасни за преименувањето на здружението „Ванчо Михајлов“


 Денеска истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да […]

Променливо облачно со северен ветер и температура до 10 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 16 март 2023 година,  75-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 390 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минута. Денов трае 11 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 2 часот и 30 минути, […]