Да бидеме хумани – Пунктови за донација на облека поставени во неколку скопски претпријатија


Црвениот крст на град Скопје ја одбележува Неделата на солидарност со хуманитарна акција за донација на облека. 

Заедно со јавните претпријатија на град Скопје Градски паркинг, ЈП Водовод и канализација, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена спроведува активност за заедничко поттикнување хуманоста и еколошката свест преку донирање на облека.

-Приклучете се на хуманитарната акција за донирање на облека која започна од 24.04 и ќе трае една недела, со цел помош на социјално загрозени семејства. Кутиите за донирање се поставени на пунктовите во Дирекциите на горенаведените претпријатија, достапни за донирање во текот на работното време. Да покажеме заедно дека се грижиме и да бидеме пример за позитивни промени во нашето општество, велат од Црвениот крст. 

Донациите понатаму соодветно ќе бидат распределени до корисниците од ранливи категории каде континуирано се пружа помош и поддршка.