Форум за дигитализација на државните универзитети во земјава


Фото: Б. Грданоски

Форумот за образовни промени (ФОП) како дел од иницијативата #DigiU денеска ќе организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“.

Според најавата на ФОП, меѓу панелистите на форумот ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Aзир Алиу и заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу.

Ќе учествуваат и ректорите на универзитетите во Штип и Тетово, Дејан Мираковски и Куштрим Ахмети, и Христина Спасевска, проректор за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.