Промоција на „Кико“ и „Хана“ – апликација за лицата со оштетен вид


Фото: Б. Грданоски

Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица, денеска ќе ја промовираат новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид, на македонски јазик и албански јазик, симболично наречени „Кико“ и „Хана“, сега достапна и за iOS уреди.

Најавено е дека на присутните ќе им се обратат министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјанж и секретарот на Националниот сојуз на слепи, Глигор Самарџиски.