ЈП „Стрежево“-Битола ќе гради фотоволтаична централа


ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола потпиша договор за изградба на фотоволтаична централа со компанијата „КМГ ЕО КВАЗАР“ Дооел Скопје, со што стана првото јавно претпријатие во земјава кое гради фотоволтаична централа со сопствени средства. Според договорот, централата ќе биде изградена и пуштена во употреба за 180 денови, а надзорот ќе го вршат експерти од Техничкиот факултет во […]

Денеска повторно форум со граѓани во ООУ „Лазо Ангеловски“ Аеродром – може да се дадат предлози за локалните политики


Денеска во просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски”, во општина Аеродром со почеток во 18 часот ќе се одржи втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата која Општината ќе ги реализира во периодот на месец март и април, што претставува транспарентна и партиципативна форма на локално ниво – алка на вклучување на граѓаните од […]

Пендаровски во посета на Париз по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов


Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки […]

Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури


Разладувањето на атмосферата минатата недела со пониски утрински температури, како и со врнежи од дожд и снег на повисоките места, го успори или одржа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа, според агрометеоролозите, е добро во овој период од годината. Во повисоките региони каде вегетацијата не е почната, добро е што овошките ќе се […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница и во Крушево


Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, додека максимални 4 степени се измерени во Виница и Крушево. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -1 степен во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Демир Капија и Лазарополе, 0 во Маврови Анови, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, 1 во Тетово и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид […]

Објавена е листата на најсреќните народи – Македонците се понесреќни од сите соседи


Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според најновиот Светскиот извештај за среќа. Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп. Според извештајот, по среќните Финци следуваат […]

Без струја делови од Илинден, Козле, Тафталиџе и Пржино


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Илинден, Козле, Тафталиџе и два објекти во Пржино, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според информациите добиени од „ЕВН Македонија“, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од дел […]

Хуманитарен настан на Црвниот крст за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија


По повод 78 години од своето формирање, Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. На настанот е предвидено обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, на турскиот амбасадор во нашата држава Хасан Мехмет Секизќок, како и на генералниот секретар на Црвениот […]

Собранието треба да расправа за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија


Во Собранието денеска ќе продолжи 106. седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд. За нов уставен судија е предложена Елизабета Дуковска. На дневен ред на седницата се и избор на член на Државниот совет за престапништво, ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија со […]

Времето сончево и релативно топло, температура до 21 степен


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Утре ќе има зголемена облачност […]

Вечерва почнува пролетта


Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути. Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото. Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента. Сонцето во Скопје денеска изгреа […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 20 март 2023 година,  79-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 386 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 7 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 17 минути, […]

Петрушевски тврди: Искусни медицински сестри изгубиле работа зошто ДУИ си вработил свои


ВМРО-ДПМНЕ обвини за ДУИ-зација на Куманово. Според пратеникот Бране Петрушевски, четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки. -Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од […]

Две третини од граѓаните преферираат шалтер пред онлајн услуга


Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз […]

Спасовски на 80 години од формирањето на КПМ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија во Тетово, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ, а во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Национална установа „Музеј на […]

Во Струмица се делат канти за селектирање отпад


 Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамки на проектот „Еко паметни општини“, денеска почна со делење втора канта на домаќинствата за селекција на отпад. Со доделување на 1.200 канти денеска беше опфатена населбата Карпош и сите улици на потегот од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, како и од Булевар „Климент Охридски“ до […]

Велески: Општеството е во депресија, треба да се вратиме на реалните вредности


Околу 50 отсто од проблемите и прашањата во психолошката ординација се за новите стресови, констатира клиничкиот психолог од прилепската болница Јован Велески. Живееме во тешки постковид времиња обременети со економска криза и изместени вредности. Се наметнува не само депресивност кај единката, граѓанинот, туку и на целото општество што се нарекува Eномија. Според Велески, новите генерации […]

Фирмата за гаќи „Електра Солушн“ добила и грант од Фондот за иновации


Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека „скандалот на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали“.   „ Фирмата „Електра Солушн“, која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта […]

Денес затворен булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до Католичката црква


На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим. Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за […]

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ од затвор однесен во болница


  Поради здравствени проблеми кои не можеле да се санираат во притворот во затворот „Скопје“, Марјана Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, синоќа бил пренесен во Клиничкиот центар. „Макфакс“ објави дека била повикана Итна помош, но дека таа констатирала дека е потребно болничко лекување. За какви здравствени проблеми станува збор не се знае. Директорот на затворот, […]