Уште еден директор на Арсовска поднесе оставка


Директорот на „Паркови и зеленило” во Скопје, Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка.

Како што напиша тој на официјалниот фејсбук профил на претпријатието, оставката ја дава поради здравствени причини.

„Ѝ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, напиша Реџепи.

Тој на оваа функција беше назначен лани во септември откако кадрите на ВМРО си поднесоа оставки по караницата со Арсовска.