Интернет страницата на Собранието во функција за домашните корисници


Интернет страницата на Собранието е вратена во функција и е достапна за домашните корисници,  соопшти попладнево собраниската пред служба, појаснувајќи дека страницата не била функционална поради напад од надвор од повеќе конекции.  -Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица […]

Спасовски откри до каде е истрагата за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше запрашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец Самоил Костадиновски, по кој се трага веќе 20 дена. Министерот рече дека има напредок, како и дека знаат повеќе детали за случајот, но и оти тој не може да ги соопшти јавно, за да не ѝ наштети на истрагата. 26-годишниот […]

МВР и МПС почнаа кампања за улогата на полицијата во заедницата


 На Градскиот плоштад во Куманово денеска почна заедничката кампања на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат – „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, која има за цел доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и […]

Без вода дел од корисниците на Чаир


 Корисниците од улиците „Св.Прохор Пчински“ и „Македонски кралеви“ (7  Јули)  во Чаир од 12.30 ќе имаат прекинато водоснабдување поради реконструкција на водоводна мрежа Ф-80 мм на ул. „Св.Прохор Пчински“ бб во населба Чаир. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинато водоснабдување ќе трае до завршување на интервенцијата. 

Лицата со церебрална парализа заслужуваат општество со еднакви можности


 Општина Кисела Вода организираше настан за лицата со церебрална парализа по повод интернационалниот ден за подигање на свеста за церебрална парализа. Беше истакнато дека 25 Март е само еден од деновите кога општеството треба да зборува гласно за потребите на овие лица, а грижата и поддршката треба да бидат секојдневни. -На средбата, овие деца и нивните родители […]

Спасовски: Опсежни истражни мерки за копањето тунел од затвореници во Идризово


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот во кој беше спречено организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, преку копање подземен тунел од страна на затвореници во Идризово.  -Таму се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се што […]

В понеделник дожд, во вторник значително пониски температури


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Според прогнозата на УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите […]

Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори читалната што го носи името на доајенот на македонскиот книжевен збор Ацо Шопов.  -Во новите простории на читалната во сутеренот на ТЦ „Беверли Хилс“ добредојдени се сите граѓани, каде што ќе имаат можност да го користат нејзиниот книжевен фонд што вклучува повеќе од 2 000 книги од […]

Поради изградба на подвозник, утре затворена ќе биде улица во Куманово


Поради изградба на подвозник, утре целосно ќе биде затворена улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово. – На 26.03.2023 (недела) во времето од 07:00 – 16:00 часот, поради изградба на подвозник, предвидено е целосно затворање на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопшти полицијата. Секторот за внатрешни работи Куманово […]

По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати


По ковид пандемијата зголемен е бројот на срцеви удари, покажуваат анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија. Срцевите удари се зголемија за трипати повеќе од пред пандемијата, вели во интервју за МИА началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов.   -Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 […]

Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија зборуваше и за можната донација на хеликоптери на Украина. Посочи дека анализата на Генералштабот за тоа дали земјава може да ги донира хеликоптерите Ми-24 е завршена и дека на следната владина седница ќе биде доставен предлог за донесување на одлука со која […]

Посебен сообраќен режим утре на Водно поради атлетска трка


Поради најавена атлетска трка утре  од 10 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.    -Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно.  Од тие причини Одделението […]

Почнува летното сметање на времето


 Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.    Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.    Летното сметање […]

Промоција на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“


На Градскиот плоштад во Куманово денеска ќе биде промовирана заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“.  На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Целта на кампањата е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење […]

Со гаснење на светилките ќе биде одбележан Часот на планетата Земја


Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја. Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од […]

Петровска: Тврдењата дека се уапсени припадници на военото разузнавање во Косово се измислени


Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги отфрли тврдењата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дека припадници на военото разузнавање биле упасени на Косово.    На гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Петровска рече дека ова е уште една од низата на лаги со кои што тој се служи и најави дека е можно […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до […]

Стојановиќ: Истрагата ќе покаже дали вработени се инволвирани при копањето на тунелот во „Идризово“


В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека во затворот Идризово има дел каде затворениците слободно шетаат и дека таму лесно можеле да ја исфрлат земјата од тунелот што го копале. – Во затворот Идризово има дел каде затворениците се пуштени слободно да шетаат, тоа е на крајот од затворскиот простор […]

Времен сообраќаен режим на булевар „Киро Глигоров“  во недела


 ЈП „Улици и патишта“ Скопје ги известува граѓаните дека во недела (26.03.2023година) на булeварот „Киро Глигоров“ на потегот од „Бриколаж “до булеварот „АСНОМ“  сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.  Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот  во периодот од 07 – 19 часот. Апелираме  до […]

Личните документи поскапуваат пред задолжителната промена


Изработката на лични документи ќе поскапи откако Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи (МВР), што треба да стапи во сила по објавата во Службен весник. Ваквата информација ја потврдија од МВР, додавајќи дека обрасците моментно се издаваат по цените кои важеа и досега. – Цената на пасош за лице до 27 години […]