(Видео) Одбележување на третата годишнина од членството во НАТО


Проследете ја централната свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата, што се одржува во касарната „Илинден“ во Скопје. На свеченоста ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.   Дел од свеченоста ќе бидат неколку […]

Дел од Кисела Вода денес без струја


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: -Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, ул. Христо Татарчев 1 бр 103 (позади Агрохемија) во (општина Кисела Вода ); – Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од ул.Антон Димитров (122-126), Драчево (општина Кисела Вода )

Штипскиот универзитет одбележува 16 години постоење


Под слоганот „Избери мудро, делувај храбро!“, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од денеска до 2 април ќе одбележува 16 години постоење и ќе организира свечена академија и низа други активности. Повеќедневната програма за чествувањето на патронатот на УГД ќе се фокусира на прашањето: „Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?“ По повод патронатот, […]

ЗНМ ќе ги додели годишните новинарски награди


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на настан во Мала Станица (12.00) ќе ги додели годишните новинарски награди.   Ќе бидат доделени награди во три категории, за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

Облачно, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и […]

Тренчевска: Дијалог за законот за родова еднаквост за да добиеме усогласено и квалитетно решение


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и […]

Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија


Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино. Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. […]

Повредена 20-годишна скопјанка, се качила во автобус и паднала на коловоз


Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.  Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.  -На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено […]

Анкета на Детектор: Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование


Близу 60 отсто од граѓаните сметаат дека државава има неквалитетно образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 57,3 проценти од анкетираните кажале дека образованието не е квалитетно наспроти 35,6 отсто кои се убедени дека има квалитет. Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор […]

Герасимовски: Завршени 60 отсто од реконструкцијата на „Ленинова“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска направи увид во реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Како што соопшти Општина Центар, со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациска мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела […]

Лажните дојави за бомби ќе им донесат кривични пријави за тероризам на група македонски граѓани


Група македонски државјани набргу ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. -Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале […]

Николов: По 45-тата година треба два пати годишно да се прави кардиоваскуларен преглед


Штипската Клиничка болница се соочува со недостаток на кадар, а на едно од најдобро опремени одделенија потребно е удвојување на кадарот. Началникот на Одделението за кардиологија, Сашко Николов во интервју за МИА вели дека со осум кардиолози, 23 медицински сестри, двајца болничари и една хигиеничарка опслужуваат пациенти од два региони во земјава. Смета дека со […]

Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење


 Во акциска контрола на сообраќајот на СВР Скопје на територијата на главниот град вчера биле казнети  210 возачи, од кои половина (105) за возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест казни се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, седум за минување […]

Посебен режим на сообраќај денеска во општина Аеродром


Поради најавен ракометен натпревар, вечер со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.  Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ […]

Од патарини лани наплатени 53,2 милиони евра, за 6,6 милиони повеќе од 2021 г.


На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра. На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод […]

Времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.  – Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието. 

Посебен режим на сообраќај на Водно


Поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, со почеток во 10 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно. Како што информира МВР, рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до манастирот „Св. Пантелејмон“ […]

Сончево и ветровито, дневната температура од 17 до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 26 март 2023 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 280 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути. Денов трае 12 часа и 26 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром и по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. […]