МЗШВ предупредува: Следат ниски температури – заштитете ги овошните насади


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата. Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и […]

Се поставува атмосферска канализација на дел од „Борис Трајковски“


Во полн ек е изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ на потег од крстосницата кај населба Пинтија до мостот на Маркова река со должина од 2.325 метри и изградба на нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри. На потегот се изведува нова атмосферска канализација со вкупна должина од 2270 метри, пешачки патеки од […]

В петок Марш за видливост на трансродовите лица


Во рамки на одбележувањето на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА во петок ќе одржи марш, по петти пат, приклучувајќи се кон глобалната акција за солидарност со оваа маргинализирана група. Маршот за видливост на трансродовите лица ќе започне во […]

Постои можност наместо замена на регистарските таблички, да се воведат налепници


Во Министерството за внатрешни работи (МВР) е формирана работна група која работи на решение за регистерските таблички, кое подразбира почитување на Преспанскиот договор. Се разгледува и опција за налепници што би се налепувале на табличките. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Според Радио Слободна Европа, околу […]

Груби објави фотографии од двојазичните полициски униформи и симболи


Вицепремиерот Артан Груби денеска објави фотографии од полициските униформи и симболи на македонски и на албански јазик. Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на албански јазик […]

Самостојниот синдикат на здравство во четврток на протест пред МЗ


Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените. На денешната прес-конференција во ССМ рекоа дека во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би […]

Павиќевиќ: За МОН се прифатливи нашите барања, освен датумот за првиот екстерен испит


Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, кои пред десет дена ги усвои нивното Генерално собрание, се прифатливи за Министерството за образование и наука, соопшти претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имале со министерот Јетон Шаќири. Не е прифатливо само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен […]

Бугарите во Македонија ќе можат да гласаат на седум места на изборите


  Според интерактивната карта за гласањето на Бугарите во странство на изборите в недела на 2 април во македонија ќе бидат отворени седум избирачки места. Две од нив се во официјални државни претставништва – амбасадата на Бугарија во Скопје и генералниот конзулат во Битола, додека другите се во хотели, приватни објекти или во трговски центар. […]

Посебен режим на сообраќај во вторник и среда 


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, (28/29.03.2023), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по […]

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе се обиде од советниците да добие поддршка за набавка на еколошки автобуси. На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде предлогот за долгорочно задолжување на Град Скопје кај домашна банка за купување нови автобуси. Советот на Град Скопје првиот […]

ИРЛ за „Нечиста крв“ добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели годишните новинарски награди. Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребала“ ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за „Нечиста крв“.      Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Драган Ѓоргоски.     Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење му припадна […]

До 31 март отплата на долгови за вода на рати и без камата


Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов. -ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата […]

Се воведува систем за кариерно следење на матурантите од средните стручни училишта по дипломирањето


Во насока на подигнување на степенот на вработливост кај младите, Министерството за образование и наука започнува процес на воспоставување на систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта, како активност дефинирана во Стратегијата за образование 2018-2025 година.  Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба […]

Десет чекори ги делат осудените од „Диво Насеље“ до трансфер во Косово


Најмалку 10 чекори ја делат кумановската група осудена за настаните во Диво Насеље, до екстрадиција во Косово, каде бараат да го издржат остатокот од казната. Новиот министер за правда, Кренар Лога, таа можност не ја отфрли но не ја ни потврди, посочувајќи дека осудените ќе треба најпрво да си ја доуредат документацијата бидејќи барањата не […]

ДЗС: Лани доктори на науки станале 197, најмногу лекари


Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за два процента во споредба со 2021 година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број  (31.0 проценти) докторирале во здравството и социјалната заштита,  17.8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10.2  отсто во општествените науки, новинарството […]

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат


 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) […]

Лога му го нуди Хашкото одделение во Шутка на Никола Груевски


Министерот за правда, Кренар Лога, му го нуди на поранешниот премиер Никола Груевски Хашкото оделение во Шуто Оризари, и за притвор и за затвор, ако биде екстрадиран или реши да се врати во земјата. На првиот брифинг со новинарите откако е на оваа функција, Лога најави дека ќе поднесе ново барање за испорачување на Груевски […]

„Кадифе“ – концерт на Филхармонија и маестралната Шерон Кам


Овој четврток, во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд. На програмата се неговата Трета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобри клариентиски на светската музичка сцена во моментов – Шерон Кам. Диригент е […]

Отворен повик за учество во програмата BFC SEE наменет за градови и општини од Југоисточна Европа


Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) соопшти дека е отворен Јавен повик за BFC SEE 2023 наменет за градовите и општините од Југоисточна Европа да учествуваат во Програмата за сертификација според најновата Четврта едиција на меѓународниот BFC SEE стандард.  -Локалните самоуправи од целиот регион од денес имаат можност да се пријават за учество во Програмата за сертификација на […]

Во Кривичен треба да започне судењето против Латас и Лазаров


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Според обвинението, двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што […]