Новиот директор на Биро за метрологија: Мислев дека тоа е наука за времето


Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата. Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа […]

Сообраќаен режим, во недела, околу амбасадата на САД


На 21.05.2023 (недела) со почеток во 8 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени […]

Исечени кабли на Железничкиот мост во Карпош, Град Скопје го пријави сторителот


Градот Скопје заедно со општина Карпош денеска поднеле пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на таканаречениот „Железнички Мост“ на булеварот „Васил Чакаларов“, во општина Карпош, во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли. -Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана […]

Студенти од АУЕ – ФОН ќе работат во Општина Аеродром


Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што една од најголемата единица на локална самоуправа на територија на Град Скопје се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години,  200 компании, 2000 стипендии“. Со Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, […]

Одбележан Денот на пчелите – да се подигне свеста за нивна заштита


Во пресрет на Светскиот ден на пчелите, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) ги повикува државите и поединците да направат повеќе напори за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи со цел да се заштитат екосистемите и да се обезбеди сигурност на храната. Пчелите, како што посочуваат од ФАО, се под голема […]

Весна Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување


  Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспорува законитоста на донесената одлука за нејзиното разрешување.  „Имајќи ја предвид мојата заложба за владеење на правото, како и дека секоја незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон, поднесов тужба до […]

По кусо боледување почина д-р Димитар Кафтанџиев


Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30. мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава. Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во […]

Изјава на претседателката на работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска (видео)


Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржa седница на која на дневен ред е усвојување на деловникот за работa.  

Матурантите танцуваат на плоштадот „Македонија“


На скопскиот плоштад „Македонија“ денеска се одржува манифестацијата „Матурска парада“ со учесници од државава и од Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови. Од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје информираа дека од нашата земја учествуваат матурантите од градовите Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје […]

Карпош се поднови со опрема за уредување на просторот – поради дождовите има бујна вегетација


Според предвидените програмските активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош, деновиве пристигна дел од техничката опрема која ќе биде предадена за употреба на општинските служби, кои се задолжени за одржување на јавната хигиена и зеленилото на територија на локалната самоуправа.  – Хигиената во општина Карпош е подигната на највисоко можно ниво, […]

Општина Аеродром склучи договор за одржување на зеленилото за 335.000 евра, општината во трева (фото)


Општина Аеродром склучи договор за Одржување на јавни зелени површини и одржување на хигиената на јавните површини и други комунални услуги со Друштво за трговија, производство и проектирање ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Вредноста на договорот е 20.650.000,00 со вклучен ДДВ или 335.772 евра. Сите детали од договорот ОВДЕ Од друга страна, последните неколку […]

Договорот со „Бехтел и Енка“ стигнал во ДКСК


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на  проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за […]

ДКСК: Ковачевски да покаже кој го платил патувањето за децата во Вашингтон


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето.  -Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош […]

Поради „Прв до врв“, в недела, „3“ и „3 б“ ќе одат само до Клинички


Од ЈСП Скопје информираат дека во недела (21.05.2023 год), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9.30 до 10.30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар. Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9.20 и 10 часот од Транспортен центар, односно во 10 и 10.40 часот […]

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев


 Апелацискиот суд Скопје денеска го одби барањето на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, за иземање на обвинителот Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. На изминатата расправа во Апелација обвинетиот Стаменковски, побара иземање на обвинителот Рајчев, бидејќи, според него, тој соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди. По […]

Статуафест – уличен уметнички фестивал за живи статуи во Скопје


Под мотото  „Голема брзина на стоењето“ денеска во Скопје во 18, 30 часот ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“. Целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење. Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од продукција […]

Матурска парада во Скопје со учесници од шест држави


На скопскиот плоштад „Македонија“ денеска во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Матурска парада“ со учесници од државава и од Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови. Од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје информираат од нашата земја ќе учествуваат матурантите од градовите Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер


Претпладне умерена облачност ќе има во западните делови. Преку денот ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степена. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 19 мај 2023 година, 139-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 226 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 19 часот и 51 минути. Денов трае 14 часа и 41 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Мартина и Марко, мечињата од скопската ЗОО, уживаат на швајцарските Алпи


Пред скоро точно една година, на 21 мај мечките Мартина и Марко од скопската Зоолошка заминаа во преубавиот Ароса парк во Швајцарија. Мечињата се брат и сестра, но тие со години живееја одделно, во две различни живеалишта, и само се мирисаа, но не се гледаа. Од скопската Зоолошка градинка и здружението Four Paws International лани заеднички […]