Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“
Изложба насловена „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ од Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) вечерва во 18, 30 часот ќе биде отворена во просториите на УМТ.
Третата по ред изложба на Зеќири опфаќа 22 уметнички дела реализирани во мозаик, а авторот ја посветил на животната дејност на скопската хуманистка Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза.