Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани


Граѓанска неодговорност предизвика опасност од излевање на водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплавување на куќи и други објекти кај Територијалната противпожарна единица во Кочани. Фрлените отпадоци, остатоци од мебел, остатоци од домашни животни, пластична амбалажа и друг вид ѓубре ја затнаа решетката на каналот пред подземниот тунел и сериозно го покачија […]

Меџити: Пушењето и употребата на тутун е на загрижувачки високо ниво


Резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на статусот со инвестициите во тутунот во земјава, покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно, половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун, истакнал министерот за […]

ВМРО-Народна ќе гласа против законите за „Бехтел и Енка“, но останува во владината коалиција


ВМРО-Народна ќе гласа против за петте предлог-закони со ознака на европско знаме што се поврзани со изградбата на дел од Коридорите 8 и 10Д, а кои веќе поминаа на Комисијата за европски прашања. Пратеникот на партијата, Љупчо Балкоски го најави ова денес и соопшти дека доставил предлог до Владата да донесе одлука за изградба на […]

Спасовски ќе го сели кабинетот секој ден во друг град


Непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна. Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“. Тој најави дека граѓаните ќе имаат можност на […]

Објавен Jавниот повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради


Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на Општина Центар. Јавниот […]

Синлаб со највисоки плати од лобораториите, колку плаќаат останатите?


  Најголемите по приход медицински лаборатории минатата година ги намалиле профитите, но ги зголемиле платите – покажува анализата на податоците на Пари во соработка со платформата БизнисМрежа.мк Податоците покажуваат и голема разлика во платите, иако станува збор за иста дејност, па тие лани се движеле од 24.232 денари до 49.418 денари. Анализата на платите ги опфаќа петте најприходни […]

Штетите се сериозни, вели Вукан Њагуљ, проектант на мостот „Беласица”


  Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Инаку, Њагуљ […]

Поради дефект дел од Чаир без вода


Поради дефект на водоводна цевка Ф 125, без вода од 9 часот ќе бидат корисниците на улица „Отокар Кершовани“ во Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Сите поплавени улици и куќи во Гостивар се исчистени


Сите улици и куќи што беа поплавени во Гостивар се исчистени, a последиците од дождот санирани. Центарот за управување со кризи објави дека екипите на Комуналец и противпожарната бригада во Гостивар синоќа биле повлечени. Гостивар вчера го зафати силно невреме, пришто поплавени беа куќи и улици, а на места имаше и одрони. Невремето најмногу го […]

Претпладне сончево, попладне дожд и ветер


Во земјава ќе преовладува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, a од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од осум до 15, а максималните ќе достигнат […]

Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата. – Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од […]

Невремето предизвика поплавување и штети во гостиварско


Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.     Според информациите од Центарот […]

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите


Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до […]

Завршни зборови за случајот „Софтвери“, судењето продолжува на 12 јуни


  Судското рочиште за случајот „Софтвери“ продолжи денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, со завршни зборови на обвинетите Ивица Димитровски и Игор Христовски. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, како бранител на професорот Димитровски, рече дека не се исполнети законските услови за предлогот на Обвинителството за изрекување казна и забрана за вршење на професијата. – Што се […]

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите


Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до […]

Нема крај – Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром


Повторно вандализам во скопски Аеродром.  Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани. – Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои […]

Силен дожд со град попладнево во Велес


Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација. Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната […]

Анкета: Половина од граѓаните или нема да гласаат или не знаат за кого би го дале гласот


  Највисока доверба меѓу граѓаните имаат верските заедници (5,1), војската (5,1) и полицијата (4.3), покажува последното истражување подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, што ја спроведуваат Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас cивилис“ (ИДСЦС), Центар за управување со промени (ЦУП), со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија. На самото дно, како […]

МОН: Струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште


Продолжуваат инвестициите во образовна инфраструктура насочени кон подобрување на условите за едукација и спортски активности на децата и младите. Денеска беше свечено отворено новото спортско игралиште во струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, со што средношколците добиваат модерен простор каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување и каде ќе можат да се организираат рекреативни активности […]

Ќе има вработување на здравствени кадри и дисперзија на лекари од Скопје во внатрешноста


Ќе дисперзираме кадри од Клинички центар низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната презентација на апликацијата „Мое здравје“. – Не, нови вработувања ќе има. Дефицит на кадар има низ цела држава, посебно средно медицински кадар и ние настојуваме во договор со МФ и со Фондот за здравство, ова веќе да почне […]