И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места


Гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ се двете училишта во кои бројот на слободни места е пополнет по два уписни рока. Интересно е дека популарните скопски гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, се училиштата во кои и по двете пријавувања, има слободни места. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско […]

Во петок ќе се решава судбината на Белата палата


Наскоро ќе биде познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без ,,Белата палата”, поточно без луксузното партиско седиште, пишува  „Фокус“. Овој објект беше конфискуван по првостепената пресуда за случајот ,,Талир 2″, а сега Апелација треба да пресуди дали партијата дефинитивно ќе остане со празни раце. Поточно, во петок, на 7 јули, во Апелација е закажана јавната седница […]

„Титаник“: Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески, ја укина за Јанкуловска


  Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел  ги потврди. За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години, Гордана Јанкуловска сега доби условна осуда наместо 2,5 години казна затвор, a Мунир Пепиќ исто добива условна […]

Судиите и јавната администрација да сфатат дека им служат на граѓаните


-Проблемите во правосудството кога станува збор за независноста и професионалноста не се од скоро време, туку се наследени од осамостојувањето на државата и воспоставувањето на новиот судски систем. Последните случувања во Судскиот совет покажуваат дека е допрен врвот во беззаконието. Потребни се долгорочни решенија, да се искористи примерот на судиите со интегритет, кои се спротивставиле […]

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар


  Дел од жителите на центарската населба Крњево, денеска беа присутни на седница на Советот, каде треба да се гласа за предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07-Крњево 2. Со 17 гласови „за“ и двајца воздржани, тој беше изгласан од советниците. Некои од нив беа дојдени со бебиња во количка, а […]

Јакимовски до Мицкоски: На колку години ја направи првата хидроцентрала?


Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција што ја одржа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побара од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да одговори како го стекнал имотот во изминатите години. Единственото прашање, рече Јакимовски, кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како внукот на Али Ахмети, на 25 години […]

Мостот на „Љубљанска“ готов до крајот на годината


Новиот модерен мост на „Љубљанска“, кој ќе ги поврзе улиците „Илинденска“ и „Скупи“, но и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, ќе биде готов кон крајот на годината. Широк е 24 метри, има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и претставува вистинско архитектонско решение, изјави вицепремиерот задолжен за […]

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради со точка од ДУП. Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат. […]

Инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија


Во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот. – Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде […]

Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање


Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков во судскиот предмет „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата за управување со одземен имот ќе го направи согласно законот и по согласност на Владата, најави денес директорот на оваа Агенција, Дритон Небиу. -За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација веднаш преземав иницијативи со дадена […]

УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР. И во Скопската Котлина утре […]

Јавна дебата за урбаното зеленило и урбанистичко планирање


Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање, ќе се одржи на 6 јули 2023 (четврток), од 11 до 13 часот, во салата на Советот на Град Скопје, во организација на Зелен институт, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Проектот се работи во соработка со Градот Скопје и Факултетот […]

Дескоска: Уставниот суд да го поништи упатството за етничка графа во изводите


Одлуката на Уставен суд да почне постапка е добра вест, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави професорката и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за […]

Повеќе од 10.000 ученици се запишаа во средно стручно


Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година се запишале вкупно 15.481 ученици, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Од нив 11.325 ученици се за настава на македонски наставен јазик, 3.852 на алабански, 298 на турски и 6 на српски наставен […]

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради


„Во среда, 5 јули, Стевчо Јакимовски на седница на Советот на Општина Карпош ќе направи напор да го смени деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, и ќе се обиде детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да ги претвори во згради“, алармираат жители на Козле, гневни на градоначалникот и на општинските власти. […]

Добиен првиот меѓународен „Impact Factor“, ФВМС ја потврди својата лидерска позиција во науката во државата


Научното списание и официјална публикација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Macedonian Veterinary Review” успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната Clarivate Analytics – Web of Science Core Collection и го доби својот прв Impact Factor (фактор на влијание) според Journal Citation Reports™ (JCR) за […]

„Нина е херој на своето време“: Кардула направи постер за девојчето со крофните од Нови Сад


Нина Нинковиќ го крена регионот на нозе, откако реши да продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко. Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула создаде постер за малата Нина, а во разговор за „Блиц“ вели дека девојчето е херој на своето време. – Редот формиран од нејзината тезга е знак […]

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?


„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери. Последна од низата дигитални услуги е […]

Настан на ИДСЦ „Како до независно судство?“


Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје денеска организира настан „Како до независно судство?“, кој ќе се одржи во хотел „Панорамика“, со почеток во 12 часот. – Целта на настанот е да отвори дискусија за работењето на Судскиот совет и реформите во правосудството. Изминатиот период, Платформата на Граѓански организации за борба против корупција и Блупринт […]

Сончево и топло, попладне во делови нестабилно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 […]