Патникот со обврзниците призна дека сакал да ги наплати, рече Стефан Богоев
„Мило ми е што и од турска страна, од СЕЛЕК и Интерпол има интерес за овој предмет. Што ќе излезе ќе видиме, но ние сме должни вакви работи да спречуваме. Судот донесе брза пресуда бидејќи патникот призна вина.
Тој призна дека не ги пријавил и побара поблага казна. Призна дека се упати во одредена држава како финална дестинација за да ги наплати обврзниците“ рече директорот на Царина, Стефан Богоев во гостувањето на ТВ24.
Тој додаде дека поради тоа судот донел одлука да го санкционира и казни и да му ги одземе обврзниците.
„Обврзниците се издадени пред години и не верувам дека ние и кој било орган во нашава држава може да добие информации од некаков евентуален депозитар на хартии од вредност од државата каде се издадени обврзниците, тоа е оф-шор дестинација“ рече Богоев.
Директорот на Царина додаде дека работата на институцијата е да се заштитат граѓаните и да се спречат евентуални можни кривични дела, во случајов евентуална можна измама, перење пари или финансирање.