Пензионерите на протест пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, бараат оставки


(Фото: МИА)

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје.

На протестот има пензионери од сите краишта на земјава. Тие се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, а се движат од Градска болница, покрај републичкото Собрание. Улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ се затворени за сообраќај.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти. 

Me këkesë për dorëheqje të kryetares së Lidhjes së shoqatave të pensionistëve të Maqedonisë filloi protesta e sotme e pensionistëve në Shkup. Në protestë ka pensionistë nga të gjitha viset e

Според најавите, пензионерите ќе протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.