Универзитетот „Свети Климент Охридски“ избран на Конкурсот за поддршка на универзитетите во рамки на Еразмус+


Европската комисијата ги објави резултатите од Конкурсот за Програмата Еразмус+ за 2023 година за „Иницијативата за европски универзитети“, која обезбедува поддршка на асоцијации на високообразовни институции, а меѓу избраните е и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) од Битола како дел од асоцијацијата „Иновативено одржлива соработка на регионални универзитети“ (ЦОЛОУРС) заедно со универзитети од Полска, Хрватска, […]

Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто


Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози […]

Ивановска: Антикорупциска ќе ги проверува дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети


Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.  Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со […]

Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја


 Без електрична енергија утре од 8.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Црногорска“ и „Атанас Иљоски“ во општина Ѓорче Петров.  Во периодот од 10 до 14.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во опшина Карпош.  Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички […]

Нивото на водата во Охридското Езеро повторно над просекот


 По повеќе од половина година постојана негатива Охридското Езеро се враќа во кондиција, кога станува збор за неговиот водостој. Денешните мерења покажуваат дека нивото на водата во езерото е на котата 693.61 метри надморска визочина, што е три сантиметри на просекот за месец јули (693.58 м.н.в).  Температурата на водата изнесува 19 степени Целзиусови, што се […]

Советот на Центар треба да гласа за поставување фотоволтаици на училиштата и градинките


Советот на Општина Центар на утрешната седница треба да даде зелено светло за предлог-одлуката за задолжување на Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за задолжување од 850.000 евра за поставување фотоволтаични системи на покривите на општинските основни училишта. Во јули, предвидено е да […]

Битиќи најави детали околу арбитражните постапки кои државата може да ја чинат над милијарда евра


Во јавноста веќе треба јасно да се каже зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој за оваа недела најави средба со медиумите на која, како што […]

Трета генерација македонски иселеници дел од програмата „Родум од Македонија“


Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го започнаа седмиот по ред „Родум од Македонија“ , програма со која 11  студенти од САД, Канада, Австралија и Босна и Херцеговина го започнаа својот тринеделен студиски престој во Македонија. Анамариа Поповска , Елена Пашариковски , Џосеф Рајчевски, Кристијан Стојановски, Самуил Ангелкоски , Софиа […]

Целосна реконструкција на „Вера Јоциќ“ со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила, информираа од општината. – На реконструкција на улицата Вера Јоциќ, интензивно се работеше […]

УЕФА ја казни Рома со пет милиони евра поради прекршување на ФФП


Рома ќе и плати на УЕФА околу пет милиони евра казни поради непочитување на финансискиот фер плеј (ФФП). До 30 јуни, Рома успеа да обезбеди околу 26 милиони евра капитални добивки, објави „CalcioMercato“. За да го исполни 100% билансот на состојба, клубот требаше да постигне капитални добивки од нешто повеќе од 28 милиони евра. Поради […]

(Видео) Родилката што се фрли од прозорец на ГАК е во многу критична состојба


Пациентката е во многу критична состојба, откако вчера во 21.30 часот се фрлила од прозорецот во ходникот на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, три дена откако се породила со живо машко дете.  Ова го потврди директорката на ГАК, на денешната прес-конференција. Како што појасни оперативниот директор на ГАК, Јетон Шаќири, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, […]

Хорор околу контејнерите, „Комунална хигиена“ собра 1.600 кубни метри отпад


Во текот на минатиот месец, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 1.600 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Картонски кутии, намештаи, душеци, столици, автомобилски гуми и што уште не беа расфрлени до контејнерите, иако има посебни правила на собирање на кабастиот отпад. Од претпријателието порачуваат дека, нивна основна дејност на претпријатието е […]

Поројни врнежи утре и задутре, за викендот посвежо


УХМР најавува дека утре попладне, претежно во западните делови, како и во среда, на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од […]

Алиу: Законот за медиуми ќе го направиме врз основа на забелешките и на она што го велат експертите


Се анализираат коментарите, критиките и сугестии по втората фаза од Законот за медиуми (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги) кои стигнале во голем број до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).  -Се надевам дека за две недели ќе имаме драфт. Во прашање ни се национални телевизии, локални, оператори… Нема сите да бидат […]

ДЗС: Во 2022/2023 запишани 4,2 отсто повеќе студенти во споредба со претходната академска година


На високите стручни школи и на факултетите во државава во академската 2022/2023 година се запишале  53 821 студент, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на академската 2021/2022 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.  Според податоците на ДЗС добиени врз основа на пристигнатите извештаи, 57,5 проценти од вкупниот број запишани на додипломски студии […]

Шукова од Брисел: Посебен предизвик е имплементацијата на Поглавјето 27


Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода,  природа, хемикалии, индустриско загадување и […]

„Бистри“ и „Матни“ случаи за јуни 2023 година според Транспаренси Интернешнл-Македонија


Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“. За јуни 2023 година, според она што го објавија од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поголемиот број се  „бистри”, од „матни” случаи. Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од […]

Тренчевска: Прашањата со синдикатите се решаваат само преку дијалог


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејановски, како и со дел од вработените во Центрите за социјална работа. Средбата беше одржана во пресрет на утрешниот најавен протест од страна на синдикатот. Фокусот на разговорите на средбата, како што информираат од МТСП, беше во […]

Македонија почнува преговори за пристап до Програмата на ЕУ за животна средина


Европската комисија денеска започнува преговори со седум држави што не се членки на ЕУ, меѓу кои и со Северна Македонија, за нивно поврзување со Програмата на Унијата за животна средина и клима (ЛИФЕ). Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, останатите шест држави со кои Еврокомисијата ќе ги почне денешните преговор се и […]