Сончево и ветровито, температури до 33 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со  умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.