Центар за остеопороза е отворен во „8 Септември“ во Скопје


Центар за остеопороза, со донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, денес се отвори во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје. Пуштен е во употреба и нов остеодензитометар, апарат за мерење на коскена густина. Центарот е во Одделот за ендокринологија во болницата.   „Со воведувањето на овој остеодензитометар ќе се унапредат […]

Пропадна и третиот тендер за поставување на фотоволтаици на зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“


Пропадна и третиот тендер  да се постават фотонаппонска централа на кровната конструкција на зградата на рекоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“  -Штип. Ректорот Дејан Мираковски вели дека интерес од големите фирми за реализирање на овој проект нема. Тие како државна институција имаат критериуми кои треба да бидат исполнети, поточно фирмите да бидат со А лиценца, а […]

УКЛО стана првиот македонски универзитет што е дел од европска универзитетска алијанса


Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (УКЛО) стана првиот и единствен македонски универзитет кој е дел од европска универзитетска алијанса, соопштија од овој универзитет, додавајќи дека за ова веќе известиле Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Европската универзитетска алијанса во која членува УКЛО е наречена COLOURS […]

До крајот на годината сообраќајот во Тетово ќе се следи и со камери, најави Спасовски


Министерот Оливер Спасовски, кој денес во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, посочи дека со цел да се подобрат состојбите до крајот на годината во градот ќе се постават и камери за електронско следење на сообраќајот. Министерот вели дека статистички граѓаните се побезбедни кога во прашање е сообраќајот. – Состојбите се подобрени и […]

На факултетите на УКИМ слободни 10.473 места за нови студенти


За запишување студенти во прва година во академската 2023/2024 година на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има вкупно 10.473 слободни места. Според Конкурсот на УКИМ, 5.074 места се наменети за редовни студенти во државна квота т.е. кои се финансираат од буџетот, 4.439 места се за редовни кои плаќаат школарина […]

Гори штипската депонија „Трештена скала“


Се запали Градската депонија „Трештена скала“ во Штип. Иако депонијата е одалечена над 10 километри од градот, сеапк ветерот го носи чадот кон градот Штип, за што веќе околу еден час се чувствува неподнослива реа од она што гори на депонијата. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков и командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев потврдија дека […]

Асоцијација за цистична фиброза: „Трикафта“ за најмалку 42 пациенти до крајот на годината


За најмалку 42 пациенти со цистична фиброза ќе биде обезбеден лекот „трикафта“ до крајот на годината. Вакво ветување добиле од министерот Фатмир Меџити, претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната средба во Министерството за здравство. – До крај на годината секако, може и порано, затоа што преговорите се веќе почнати со компанијата. За околу […]

Пороен дожд и град го зафатиja Штип, без струја повеќе населби (видео)


Пороен дожд и град проследени со силни грмотевици го зафатиja градот Штип. Околу половина час без струја се жителите на поголемите штипски населби Сењак, Осми Ноември. По невремето поплавени се дворот на црквата „Свети Никола“, како и улицата и паркинг просторот пред еден од влезовите. Материјална штета нема, а во моментов водата се повлекува во […]

Спасовски: Над половината од личните документи на граѓаните се променети со цел да стои Република Северна Македонија


Министерот Оливер Спасовски, кој денеска во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, информираше дека над половината од личните документи на граѓаните се променети, со цел во нив наместо Република Македонија, да стои новото уставно име Република Северна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција. На новинарско прашање дали може да се избегнат […]

Падна спорниот ДУП за Козле во Скопје


  Советниците на Општина Карпош не го изгласа спорниот ДУП за Козле. Против гласаа сите присутни 17 советници, од советничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и независните советнички, додека советниците од ГРОМ уште пред гласањето ја напуштија седницата. Со ова се поддржани барањата на жителите кои денеска револтирани дојдоа на седницата и беа против овој […]

Споени концесиите за рудникот „Иловица – Штука“


  Владата донела одлука за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица во Општина Босилово со концесијата на локалитетот Иловица во Општина Босилово и Општина Ново Село на компанијата „Еуромакс“ објави „Службен весник“. Одлуката доаѓа откако Управниот суд ја уважил тужбата на компанијата „Еуромакс“ против […]

Вратена во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик-министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид. Од денеска согласно времениот режим, делницата ќе биде вратена за сообраќај, а со тоа граѓаните и туристите повторно ќе можат да го користат за сообраќај […]

„Еуромакс ресоурсис“ бара да не се одложува реализирањето на големата инвестиција


  „Еуромакс ресоурсис“ тврди дека сите правни аргументи се на нивна страна и очекува без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес. Од компанијата велат дека државата има должност и обврска да обезбеди правна […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје заради посетата на Рама


 Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент […]

Македонија фаворит по затворања, ретко изрекува казна без лишување од слобода


Изрекувањето на условни и алтернативни казни значајно е зголемено во Македонија минатата година, но и покрај тоа во овој поглед сме на дното споредено со другите земји членки на Советот на Европа. Според годишната казнена статистика објавена денес од Стразбур во Македонија лани за 72 отсто се зголемило изрекувањето казни без лишување од слобода, како  […]

Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули


Судскиот совет на Македонија на денешната седница ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови, кои треба да бидат избрани на местата на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски, судија во скопска Апелација, кои си поднесоа оставка по скандалите во ова тело. На седницата беше формирана  Комисијата што ќе го спроведе изборот […]

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи


Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот […]

АХВ: Колач произведен во Италија итно повлечен од продажба, најден е опасен пестицид


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на еден производ од маркетите и продавниците. АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – колачот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, поради присуство на хлорпирифос, опасен пестицид забранет за користење во Европската унија. Доколку граѓаните го купиле овој производ од серијата со рок на […]

Судска администрација: Од кога се зголемија платите на функционерите, немаме додаток на плата од 25 отсто


Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, со протест пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрази незадоволство поради ниските плати и недобивање додатоци на плата. Горан Ристевски, претседател на НСДА, изјави дека и по неколку средби со претседателот на Судскиот совет немало слух за […]