Умерено облачно со засилен северен ветер


Времето ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. UV=8 Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 8 август 2023 година, 220-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 145 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 44 минути. Денов трае 14 часа и 10 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Владина делегација положи цвеќе во чест на загинатите бранители кај Карпалак


По повод одбележувањето 22 години од трагичното загинување на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата, владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп,  каде ја посети и спомен-собата. Цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше […]

Пендаровски издаде наредба за подготовка на контингент војници и средства за помош на Словенија


Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија […]

ДЗСИ: Ставени под надзор 11 луѓе по случајот со заболената болничарка од инфективна


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) стави под надзор уште 11 луѓе од здравствен ризик за да се спречи ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако Министерството за здравство соопшти дека оваа заразна болест е утврдена кај вработена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје. „Издадени се решенија за надзор за 10 члена […]

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час


 На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на […]

Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња


Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница – Штип, Валентина Златковска нагласува […]

Сојузот на здруженија на пензионерите против линеарно усогласување, но со предлог за зголемување на најниската пензија


Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји, се наведува во денешното соопштение од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а во врска со барањето за линеарно усогласување на пензиите. Во однос на протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на […]

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска


По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27 годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен […]

Градоначалникот на Кочани четири пати именувал ист човек за В.Д. директор на училиште без положен испит


Во понделеникот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, […]

Прекинот на работите на делницата Скопје – Блаце поради зголемен сообраќај


Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември. – Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се […]

Македонија подготвена да испрати војници на помош во Словенија


До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Македонија е подготвена да испрати 100 […]

Четврто прскање против ларви од комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда, ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно: – Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови; – Терестричната дезинсекција (четврта фаза) на […]

Здравствените синдикати на средба во МИОА, но најавуваат „жешка есен“ протести ако нема слух од МФ и МЗ


Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација. На состанокот е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници, синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, но […]

До петок посвежо време, за викендот затоплување


Во следните денови ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури, а утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, соопшти УХМР. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 16, а макисмланата дневна ќе достигне до 31 степен. За време […]

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“


Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. ,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот […]

Сончево време со услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, информира УХМР. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 7 август 2023 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено


 Бранот на туристи и посетители кои се враќаат од Охрид, Струга и Маврово овој викенд, предизвика забавено движење на возилата на десетина километри пред Гостивар. Сообраќајната полиција со физичко регулирање кај здуњска крстосница овозможуваат проток на сообраќајот по магистралата. Колона од возила која се формира од над каменоломите во правец кон Гостивар се движи полека […]

Понеделник и вторник со умерени температури, од среда температурите ќе бидат во постепен пораст


Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.  Најтопло денеска беше во Гевгелија каде се измерени 34 степени, 32 во Велес, Демир Капија, Кавадарци, Петровец и Битола, додека во текот на денот најниска […]