Судење за „Титаник“, ќе застари ли по измените во КЗ?


Фото: Б. Грданоски

За денеска е закажано судењето за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности и во кое му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски. Од делата за кои одговара, според пресметките на невладините организации, со измените на Кричичниот законик му застарува единствено делото „злосторничко здружување“.

Измените на Кривичниот законик од петокот веќе се на сила. Со нив се намалија казните за делата за кои најчесто се гонат функционерите. Денеска ќе во Кривичниот суд ќе видиме како ќе постапи Обвинителството.

Инаку, за попладне најавен е и протест пред Влада против амнестија со измените на КЗ. Протестот го организираат студенти од правните факултети во Македонија преку социјалните мрежи.