МВР вработува 600 полицајци – 300 за Скопје, 100 за Охрид


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти. Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, […]

Отстранети 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини


Од почетокот на неделава отстранети се 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини. „Комунална хигиена“ денеска соопшти дека отпадот е подигнат од диви депонии во близина на „Македонска куќа“ во општина Карпош, на улицата „Славеј планина“ во општина Чаир, како и на повеќе локации во општина Кисела Вода. Еко-патролата извршила надзор […]

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=7 Во Скопје променливо облачно и […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 10 август 2023 година, 222-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 143 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 19 часот и 42 минути. Денов трае 14 часа и 5 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Утре, без струја дел од Кисела Вода и Центар


ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар. Од 8.30 до 11 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Партениј Зографски“, „Рилски конгрес“, „Востаничка“ и „Славејко Арсов“, во општина Кисела Вода. Од 9 до 11 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од дел […]

Општина Гази Баба донира финансиска помош за Словенија


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во Фејсбук објава соопшти дека денеска имал средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Словенија во земјава, каде што истакнал дека Општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе да помогнат […]

По одморите, Судскиот совет ќе го испита случајот со велешанецот чија казна беше преполовена од Апелација


Како резултат на големата разлика во изречената казна, членовите на Судскиот совет најавија дека по враќањето од годишните одмори ќе го испитаат случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18 годишната затворска казна за возачот кој под дејство на алкохол, управувајќи со возило усмрти малолетно лице на пешачки премин е намалена […]

„Скопје тату шоу“ ќе ги собере на едно место ентузијастите за тетоважи и уметниците


он крајот на месецов, Скопје ќе биде домаќин на „Скопје тату шоу“ (Skopje Tattoo Show 2023), настан кој ќе ги собере ентузијастите за тетоважи, уметниците и љубопитните умови и на кој ќе бидат прославени уметноста, културата и самоизразувањето преку тетовирањето. На конвенцијата за тетовирање ќе гостуваат познати домашни и странски тату артисти, а посетителите ќе […]

Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје


Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем – БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој […]

ЦГК: Општините потрошиле 770 илјади евра за прскање против комарци


 За прскање против комарци, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова, како што посочуваат од Центарот за граѓански комуникации, повикувајќи се на анализата направена врз податоците на сите договори за јавна набавка за комарци, значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки […]

Обезбеден е лекот за боничарката која се зарази со конго-кримска хеморагична треска – засега не ѝ треба


Обезбеден е лек за конго-кримска хеморагична треска, а болничарката на Инфективната клиника е во стабилна состојба, потврди директорката на клиниката, Милена Стевановиќ. – Веднаш го набавивме овој лек. Многу ретко се наоѓа, го има само во земји во кои има голем број на разболени пациенти. Но, во соработка со Светската здравствена организација и Лекари без […]

Екипите на ЕВН почнаа со работа во Слупчане


Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе […]

Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти


Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој ја крена јавноста на нозе, сега добива трета верзија која предвидува многу зеленило и намалување на бројот на станбени површини за 90 осто. Општина Аеродром ја подготви третата верзија на планот, целосно усогласена и направена согласно барањата на граѓаните и за истата во текот на следната […]

Вандали ги уништиле клупите и летниковците на Водно


Викендов, на Средно Водно, биле уништени дел од клупите, масите, летниковците, дрвените мостови и друго.   – По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк – шумата.   Од таму […]

Македонските и словенечките стопанственици со апел: Донирајте за Словенија!


Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. – Многупати во минатото нашите две […]

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа


Од Министерството за труд и социјална политика ги демантираа и ги отфрлија тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките. – Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се […]

Пензионерите излегоа на протест за поголеми пензии


Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии, побараа на денешниот протест пензионерите. На протестот, кој се одржа во паркот „Жена – борец“, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест. -Да се покачи минималната пензија, задолжително и што побрзо. Висината на минималната пензија […]

Утре нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а температурата ќе се движи од 9 до 29 степени. Потоа, како што информира УХМР, следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Директорот на „Стрежево“ не му кревал телефон, па Цветан Панделески ја блокирал сметката на хидросистемот


  БИТОЛА – Бизнисменот Цветан Панделески, првиот човек на ЗК „Пелагонија“ од Битола наводно се решил да ја блокира сметката на хидросистемот „Стрежево“ поради игнорантскиот однос на директорот Методија Граматковски, кој не му кревал телефон на бизнисменот. Од Комбинатот велат дека претходно двајцата имале комуникација. Наводно, Граматковски ветил да помогне околу плаќањето на концесијата на […]

Поради дефект без вода дел од корисниците во Гази Баба


Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување.