Продолжува реконструкцијата на патниот правец Муртино – Банско


Деновиве продолжи реконструкцијата и проширување на патниот правец Муртино-Банско во должина од еден километар. Градоначалникот Костадин Костадинов информираше дека патната инфраструктура е многу значаен елемент во севкупниот развој на општина Струмица, особено за населените места. -Овој е еден од пофреквентните патни правци, заради земјоделските, економските и туристичките потенцијали во овој крај, но со недоволната ширина […]

Сестрата што крадеше цитостатици викната на распит во Обвинителството


Јавното Обвинителство упатило покана за распит до 29-годишната медицинска сестра за која има кривични пријави дека во два наврати, во 2020 година и во 2023 година крадела цитостатици од Клиниката за радиотерапија и онкологија, пишува „Слободен печат“. Од поднесувањето на кривичната пријава досега поминаа шест месеци. „Во двата предмети против споменатата медицинска сестра постапката е […]

МВР го откри знаменосецот на „голема Албанија“, граѓаните да известат ако го забележат


Во врска со кривично – правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. – Ова е и начин да ги демантираме пласираните […]

Делегација на Владата положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод Денот на Армијата


 Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, денеска положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров […]

ЈО за аудио снимката од ИРЛ: Итно да престане злоупотребата на овој процес, за неоснована лична и институционална дискредитација


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за […]

Свеченост по повод 31-годишнината на Армијата (видео)


Свеченост по повод одбележувањето на 31 година од постоењето на Армијата на Северна Македонија. Најавени се обраќања на претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на премиерот Димитар Ковачевски.

Без вода дел од населбата Пролет во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од населбата „Пролет“ во општина Центар, во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на улицата „Светозар Марковиќ“, кај Феријален дом во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Изложба на документарни фотографии од претставници на Либеречката школа за фотографија од Чешка


Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на документарни фотографии изработени од претставниците на Либеречката школа за фотографија – LŠF од Чешка. Изложбата воедно ќе биде и завршен настан за годинашната меѓународна уметничка колонија на Центарот за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО од село Слоештица, Демир Хисар, […]

Армијата одбележува 31 година постоење


Армијата на Северна Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со […]

Привремен сообраќаен режим на делницата Велес-Градско


Регионалниот пат Велес-Градско до утре ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот. Причина за затворањето, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е асфалтирање на патот. На граничните премини, според информациите на АМСМ, нема подолги чекања за влез и излез од државата.

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, главно во западните делови, облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а […]

Раководителите на „Битолски Монмартр“ на распит во полицијата за носењето деца кај бугарски политичари


  БИТОЛА – Почнал распитот во битолската полиција за носење деца, членови на „Битолски Монмартр“, кај претседателот на Бугарија, Румен Радев и кај Симеон Втори, дознава „Независен“ од извори во истрагата. Децата, уметници, во два наврати во последната година беа фотографирани со политичарите и објавени во бугарски и македонски медиуми, без организаторите за тоа да […]

Учебната година ќе започне без учебници за трето и за шесто одделение, децата ќе учат од помошни материјали


Учениците во трето и во шесто одделение нема да добијат нови учебници согласно новата Концепција за основно образование, потврдуваат за Мета.мк одговорните во Министерството за образование и наука. Наместо тоа, учениците ќе учат од помошни материјали кои ги изработува Бирото за развој на образованието (БРО). „Годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и […]

Пендаровски утре ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции


Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски утре за првпат ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од државата. – Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, претседателот Пендаровски ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор […]

Ковачевски: Не може да се израмни некој што плаќал стаж 15 години со некој што плаќал 30


Пензијата е право од работен однос и не може да се израмни некој што плаќал 15 години стаж на минимална плата со некој што плаќал 30 години на многу поголем износ, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека наскоро ќе биде изработен закон за минимална пензија. -Не може да кажете дека тоа е исто, […]

Македонија со гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи  гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата. Периодов што следи ќе бидат изработени и видеоматеријали за истата намена, најавуваат од агенцијата. – Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има […]

Протестот на ЈСП откажан, платата им била исплатена


По повеќечасовни притисоци, вработените на ЈСП ќе добијат плата а протестот кој што беше најавен за утре е одложен. Синдикатот на ЈСП денеска имаше средба во градот Скопје, а на која синдикалците на маса ги ставија проблемите на вработените во ова претпријатие. Од градот им ветиле исплата на јулската плата за денеска, но сепак ќе […]

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации


Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници. – Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе […]

Законот за платите на функционерите уште е во изработка, бил исклучително комплексен


  Законот за плати со кој ќе се регулираат и платите на функционерите и избраните лица е во изработка, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Од Одлуката на Уставен суд со која се зголемија платите на функционерите поминаа четири и пол месеци и законот е во фаза на изработка. Владата пристапи кон изработка на закон за […]

До среда многу топло со температури до 39 степени


Под влијание на топла воздушна маса, во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени, соопшти УХМР. Утринските температури ќе бидаат во интервал од 13 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 39 степени.  Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре […]