Приведен скопјанец кој денеска физички нападнал снимател на ТВ Алсат


Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека денеска заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.   Како што соопшти […]

Континуирани обуки за јакнење на психосоцијалната поддршка во училиштата


Клучен фактор за обезбедување квалитетен пристап на стручните соработници во работата со учениците и унапредувањето на нивното ментално здравје и благосостојбата е нивната обука, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Во мај оваа година, МОН и УНИЦЕФ организираа осум регионални работилници за јакнење на вештините на стручните соработници за ефикасно справување со различниот […]

СДСМ ќе се спротивстави на враќањето на Ќосето


СДСМ преку својата советничка група во Град Скопје ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот на Андон Јанев – Ќосето бидејќи, според нив, тој никогаш не треба да биде поставен каде било освен во негативните поглавја од македонската историја. -Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат […]

Вевчанецот што упатуваше срамни пораки за децата со аутизам се соочува со можен затвор до пет години


Вевчанецот Ранко Србаковски, кој викендов на социјалната мрежа „фејсбук“ упати расистички и ксенофобични пораки кон штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам, се соочува со казна затвор од една до пет години. Србакоски ја згрози македонската јавност со пораки упатени на сметка на Мијалков и на неговите две деца, а во кои во […]

Меџити ќе го децентрализира здравството, се менува режимот на препишување лекови


Засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административни процедури за препишување на хронична терапија, на денешниот брифинг со новинарите, беа промовирани новините во примарната здравствена заштита, со цел, како што беше кажано, приближување и поедноставување на услугата за сите пациенти.    – Врз основа на детална анализа, која ја спроведе Министерството за […]

ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите


Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата. – Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на […]

Професор Борче Треновски: Новиот предлог-буџет на Битола е потребно да се стави на седница, отворено продискутира и да се коригира


  БИТОЛА – Новиот предлог-буџет на Општина Битола треба да се разгледува на нова седница, каде ќе биде неопходно клучните засегнати страни – Градоначалникот и советниците да направат консензус – па истиот да се коригира и да се врати назад во Министерство за финансии, порачува универзитетскиот професор Борче Треновски, разгледувајќи ја најновата ситуација во Битола […]

Данела нема поважна работа, ќе го враќа споменикот на Ќосето!


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек.   -Се работи за исклучително важна […]

МВР има дојава кој го веел знамето на „Голема Албанија“


Информации кое е лицето што вееше знаме на т.н. голема Албанија на собирот организиран од Општина Тетово стигнуваат во Министерството за внатрешни работи, тврди министерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека на собирот во Тетово имало и странски државјани. Дециден е дека не станува збор за вработен во МВР, како што се тврдеше на социјалните мрежи. […]

Гори само кај Бучинци, угасени другите 22 пожари


На европскиот број за итни повици 112 денеска е добиена пријава за пожар на стрниште во селото Бучинци кој гори на околу 200 метри од црквата во селото, за што веднаш биле известени пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Други пријави за пожари, како […]

Прв термин за вадење документи во јануари, речиси милион граѓани веќе ги смениле


Тешко се доаѓа до термини за вадење лични документи, а и кога ќе се најде, првиот е за јануари. Министерот Оливер Спасовски вели дека така било и минатата година и дека документите се издаваат во законските рокови. „Секако дека фреквенцијата е зголемена. Не само оваа година, туку и минатата. До 2019 година најголемиот метеж бил […]

Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица


Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја.  Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.  На денот на празникот […]

Активни пожари нема, изминатото деноноќие изгаснати 22 пожара


Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека активни пожари во моментов нема, а изминатото деноноќие се изгаснати 22 пожара. Шест пожари кои опфатиле ниска вегетација биле регистрирани во Општина Куманово кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин дол, Рамановце и Средорек, три пожари имало во Општина Гостивар – во населбата „Циглана“, како […]

Водовод на терен- поставена решетка за атмосферски води на раскрсницата помеѓу ул.Козле и ул.Мокра


Жители од Козле  изразуваат јавна благодарност до ЈП Водовод и канализација, Скопје, за нивната доблесност и професионалност да им излезат во пресрет за долгогодишниот проблем на граѓаните од улица Козле ,Мокра и Јуриј Гагарин. „Сакаме да изразиме голема благодарност до Град Скопје и Јавното претпријатие Водовод и канализација кои ни излегоа во пресрет и се […]

Дваесет доктори на науки и речиси 600 магистри немаат работа


Вкупно 599 магистри на науки и 20 доктори на науки во моментов се без работа, покажува последната евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија(АВРМ). Освен тоа, според бројките и 6.820 лица со високо образование во земјава чекаат вработување. Во АВРСМ за Мета.мк информираат дека од невработените магистри на науки, според областа во која магистрирале, […]

Сончево и многу топло, температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8. Во Скопје сончево и многу топло со […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 21 август 2023 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 132 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 38 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Тренчевска : Никогаш нема да ја доведам во прашање стабилноста на пензискиот фонд


Оваа влада има направено многу во делот на системски решенија кои ќе носат добри резултати на долг рок. Едно од првите системски решенија беше и методологијата за растот на пензиите, решение кое дава реални резултати. Во март 2022 година пензиите беа 9000 денари а сега најниската пензија е 12.500 денари додека во септември најниската ќе […]

Над 30 штандови на 15-та Штипска пастрмајлијада


На 22-ри и 23-ти септември ќе се одржи 15-тата по ред штипската Пастрмалијада. Нa истото место како и претходната година, а ќе настапат познати македонски и странски ѕвезди, кои ќе ја забавуваат публиката од градот, регионот, но и цела држава. Организатор на манифестацијата за промоција на кулинарскиот бренд на градот е општина Штип. – Вкупниот […]