Момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење, покажа обдукцијата


  БИТОЛА – Обдукцијата покажа дека за смртта кај 24-годишното момче Симеон Т. од битолското село Цапари, кое вчера почина во Битолската болница нема лекарска грешка и дека причината е  десеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК). Од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта,  и дека наодот покажала дека смртта кај момчето […]

Судската служба на улица – бараат 78 отсто зголемување на плата


Судската служба го радикализира протестот преку кој бараат 78 отсто зголемување на плататите, откако денеска излегоа на улиците на Скопје. Најавија дека од утре почнуваат со штрајк, колегите од државното правобранителство, вчера протестираа обвинителството, а поради тоа што нивната работа е врзана, судиите не можат да судат.  Имано трпат или се трупаат случаите, освен оние […]

Долно Лисиче доби нов терен за фудбал


На простор од 1.000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром. Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште […]

Корчагинци преку хуманитарна претстава ќе собираат финансиски средства за лекување на соученик


Учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ по повод празникот „Вера, надеж и љубов“ во хуманитарна мисија ќе го одиграат авторскиот театарски спектакл „Чекајќи го…” посветен на лекувањето на нивниот соученик, Марко. Марко Здравевски  е поранешен ученик на гимназијата „Корчагин“, кој боледува од канцер, и е на лекување во Париз, па за таа цел […]

Марковски: Немам информации врз основа на што е пуштен во употреба мостот „Беласица“


  Градежниот факултет и неговиот декан, професорот Горан Марковски, немаат добиено никакви информации врз основа на што мостот „Беласица“ е ставен во делумна употреба. Марковски вели дека заради тоа што нема подетални информации, не може да даде прецизна изјава дали мостот е безбеден за сообраќај или не. – Во однос на мостот „Беласица“ и безбедноста […]

Денови на македонскиот мед на улица „Македонија“


На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе бидат отворени 19-те „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Момче на 24 години починало во битолската болница по седум дена висока температура


  БИТОЛА – Момче од Битола на возраст од 24 години вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница, откако било примено со многу висока температура и трески.  На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па […]

„Отпорни конструкции“: Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија


Во Скопје денеска ќе се одржи 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ). Темата е „Отпорни конструкции”, а во фокусот ќе бидат стекнатото знаење изминатите шест децении, по скопскиот земјотрес, во областа на асеизмичкото проектирање, како и претстојните предизвици поврзани, пред се, со климатските промени. На овој, како што е најавен, […]

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, вечерва од 19 часот во „Europe House“ ќе ја доделат наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023 за најдобра истражувачка сторија во Македонија. Како што информираат од ССНМ, на церемонијата ќе се обратат амбасадорот на Европската Унија во Скопје, […]

Интерактивен настан со граѓани по повод Меѓународниот ден за пристап до информации од јавен карактер


– Интерактивен настан со поширока група граѓани во најголемите трговски центри во Скопје (Ист Гејт и Сити Мол) организира денеска Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации од јавен карактер. Преку настанот, наведува Агенцијата, би се промовирало правото за слободен […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест. -Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, […]

Се доградува градинката „Гоце Делчев“ во Марино


Општина Илинден почнува самостојно изградба и доградба на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, истакна Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Илинден. „Со оваа доградба го решаваме проблемот на листите што ни се за престој на најмалите деца, на возраст од 9 до 24 месеци. Конкретно, јаслените групи. Со оваа доградба со капацитетите што ќе […]

Јовески: Обвинителството не беше консултирано за измените во КЗ


 Владата во постапката за донесување закони, а исто така и Собранието не ги достави измените на Кривичниот закон до надлежните институции. Веројатно сметале на итноста на донесувањето на законот, тоа што тој е донесен во скратена постапка и со европско знаменце, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески. Според него, некој во политиката проценил дека е потребно […]

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители


Советот на јавни обвинители на денешната 85. седница за нов претседател ја избра Душица Димитриеска, а Иџет Мемети за нов заменик претседател. Јавната обвинителка Душица Димитриеска е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар. – На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ја одржа 85 -та седница […]

Безбедноста и здравјето при работа се приоритет при креирањето на политики


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја отвори меѓународната тридневна конференција „Безбедност и здравје при работа без граници“, организирана од страна на 10 невладини експертски организации од 7 земји од Балканот и Министерството за труд и социјална политика во Република Северна Македонија. Тренчевска во своето обраќање посочи дека конференцијата „БЗР без граници“ […]

Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така


  Освен скопските и велешкиот, другите шелтер-центри за жртвите на семејно насилство не функционираат. Проблеми има и кај функционалните: нема доволно кадар, несоодветни просторни услови, нема надзор и обезбедување. Проценка на ризик вршат лица кои не се обучени за тоа, па случаите не стигнуваат до оние што се вистински надлежни. Сите овие системски проблеми, придонесуваат, […]

МОН обезбедило 1,4 милиони учебници, а учениците сепак фотокопираат


Министерството за образование и наука денеска се пофали дека преку откуп на учебници за кои министерството не ги поседува авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во 2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98% од нив, се веќе дистрибуирани. Но, од друга страна пак, родителите на […]

МВР демантира дека не реагирало за двете убиени жени


Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово. -Напротив, од страна на МВР е постапено по секоја пријава. Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности и […]