Нови паркови во општина Аеродром, градоначалничката Арсовска изврши увид


Град Скопје почна со втората фаза на уредување нови паркови во општина Аеродром, долж булеварот „АСНОМ“, со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување. Како што соопштија од Одделението за односи со јавност на Град Скопје, денеска градоначалничката Данела Арсовска извршила увид […]

Храна по рецептите на баба во Парк на „Вкуси ја традицијата“


Вино, ракија, ајвар, ѓомлезе, мед, сирење, кашкавал, пита и уште многу други македонски производи, можат да се пробаат денеска во Градски парк, во Скопје, како дел од вториот по ред национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“. На саемот присуствуваат над 400 изложувачи, мали производители на храна и пијалаци што презентираат 2.000 вкусни […]

Росоманката Весна Јаневска е единствената жена која се натпреварува во јадење лути пиперчиња


Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” се одржа денеска во Кавадарци, а за најхрабрите беа обезбедени награди. Росоманката Весна Јаневска е единствената жена која учествуваше во натпреварувањето и лани и годинава. Таа минатата година го освои второто место и освои сом од десет килограми.  – Сакам да ги охрабрам сите припаднички на понежниот […]

На хакатон ќе се развива платформа за пријавување на загадувањето на воздухот


Во соработка со „Air Care“ (Мој Воздух), „Бреинстер“ викендов организира два хакатона, на кои студентите ќе ја креираат апликацијата Breathe.mk, која ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје. Како што информираат од „Бреинстер“, корисниците на Breathe.mk. ќе можат да поднесат […]

За 50 отсто се намалени обидите за илегална миграција


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за дневникот на МТВ, запрашан за состојбите на миграцијата односно обидите за илегален влез во државата, потенцираше дека безбедносната состојба на територијата на нашата земја и по тоа прашање е безбедна и стабилна, без никакви индикации на нарушување. „Морам да кажам дека нашите резултати се исклучително добри […]

Целосно реконструирана улицата „Козле 3“ во Нерези


Улицата “Козле 3“ во урбаната заедница Нерези од минатата недела доби нов асфалт, информираа од општина Карпош.  Улицата е во должина од 430 м2. За оваа намена, од буџетот на Општина Карпош се издвоени 2.921.920 денари, со цел граѓаните да имаат безбедна сообраќајница.  Изведувач на градежните активности е градежната фирма ДПГТУ “Филип Инжинеринг,, – ДООЕЛ […]

Оштетен потпорниот ѕид на зградата на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ при изградба на катна гаража


Еден од потпорните ѕидови е оштетен, а прекинат е громобронот, кој го штити штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ да не се запали при удар на гром, бидејќи во централното градско подрачје, ова е една од повисоките институции. Овие оштетување се направени од фирма која е ангажирана од Општина Штип за изградба на катна гаража. […]

МНР: Седум македонски државјани во Витлеем кој не е погоден од случувањата во Израел


Седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлeем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања, соопшти Mинистерството за надворешни работи (МНР) од каде состојбата ја оценуваат како сложена и тоа во јужниот и централниот дел на Израел. МНР ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел […]

„Правда, судство и работнички права“ на „Текстилијадата: Судската пракса тешко оди


Корупцијата во секторот економија најчесто се јавува во односот помеѓу приватниот сектор и државните институции, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, која денеска беше дел од дебата на седмата „Текстилијада“ во Штип, во организација на „Гласен Текстилец“.  Според неа, до корупција доаѓа во случаи во кои се добива некаков […]

Доделени новинарските признанија за најдоброто од Истокот


На петнаесет институции и поединци од разни области на општественото живеење во Источниот регион, синоќа, во ресортот Магнолија на Пониква, им беа врачени признанијата за нивните остварувања во 2022 година од значење за развојот на регионот, а со тоа и на Република Македонија. Манифетацијата „Најдоброто од истокот“ е во организација на  регионалниот центар на новинари […]

Во Македонија се случило „Прво управување на робот со помош на сигнали од мозокот, 1988“


ИЕЕЕ – Институт на електро и електротехнички инженери  организира церемонија на откривање плоча за значајно дело на македонската наука. Спомен-плочата е во сопственост на IEEE и ќе биде откриена од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на IEEE, Saifur Rahman, од Virginia Tech, USA. IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers) е […]

Ивановска: Мандатот истекува на 7 февруари, навреме да се изберат членови на ДКСК


Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип. […]

ЦУК: Вчера имаше 26 пожари на отворен простор, активни се уште три


Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26. -Од нив, активни се уште три, во: Општина Македонси Брод, с.Белица под Солунска Глава (каде што гори борова шума); Општина Чашка, меѓу с.Горно Јаболчиште и с.Горно Врановце (гори шума) и […]

МНР со апел до македонските државјани во Израел да се почитуваат упатствата на властите


Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повика граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx Инаку според […]

Култната „Славија” стана модерен спортски комплекс


 Со интонирање на химната, со огномет и со многу возбуда, вчера вечер, после неколкумесечни интензивни градежни активности на Општина Кисела Вода, беше ставено во функција возобновеното игралиште „Славија“, простор кој сега нуди најсовремено кошаркарско, фудбалско игралиште, модерни терени за тенис и пинг понг, создадени според највисоките меѓународни стандарди. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека со тоа […]

Пронајдени 115 тела во „еколошка“ погребална куќа во САД: „Сцената беше страшна“


Полицијата округот Фримонт во американската сојузна држава Колорадо денеска објави дека пронашла најмалку 115 тела во просториите на „зелената“ погребална куќа која е под истрага за неправилно ракување со човечки останки. Шерифот на округот Фримонт, Ален Купер, рече дека тие се координираат со други агенции за да утврдат дали има некакви неправилности. Погребалниот дом во Пенроус, […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Ковачевски на настанот „Вкуси ја традицијата“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,  Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“. На настанот свое обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.   

Вкупно 54 жени за една година побарале помош во Кавадарци, страдале од сопругот или синот


Табу тема се уште е семејното насиство, особено во помалите средини, како впрочем и секој друг вид насилство, бидејќи стравот од тоа што ќе каже на сето тоа малограѓанската околина, ако дознае, си го прави своето. Сепак, радува фактот што полека но сигурно се менува свеста кај населението и се зголемува бројот на оние кои […]

Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња


 Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди. Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, […]

Студено утро, преку денот сончево со слаб ветер


 Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 26 степени. […]