Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести


На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор. -Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште


На мерна станица Ѓуриште е измерено најголемо количество воден талог во изминатите 24 часа – 19 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. До 8 часот утрово, по поминати 24 часа, 18 литри на квадрат воден талог се измерени во Охрид и Берово, 17 во Штип и Крушево, 16 во Маврови Анови и […]

Одбележување на Светскиот ден на борбата против псоријаза


Во организација на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, денеска со низа настани ќе се одбележи Светскиот ден на борбата против псоријаза, кој вообичаено се одбележува кон крајот на октомври. Како што информираат од Универзитетската клиника за дерматологија-Скопје, во периодот од 11 до 13 часот на улица „Македонија“ кај споменикот на Мајка Тереза на минувачи ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда,18 октомври 2023 година, 291-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 84 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 17 часот и 48 минута. Денов трае 10 часа и 59 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 10 […]

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош


РЦУК информира дека денеска без струја ќе бидат дел од општините Ѓорче Петров и Карпош. Од 08.30 до 15.00 часот струја ќе немаат корисниците во Стопански двор и Блага вода во Ѓорче Петров, а од 09.00 до 14.00 часот дел од корисниците од улицата „Мраморец“ во Карпош. 

Утрото со врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди


Времето денеска во утринските часови во јужните делови ќе биде со локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во […]

Подгответе се за метеж во сообраќајот – затворени улици поради симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“


 Министерството за внатрешни работи информира дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвниот Крст и под покровителство на Претседателот на државата, во Градскиот парк во Скопје, утре во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку булевари. За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“ […]

Меџити: Секоја здравствена установа добива буџет од ФЗО, но имаме слаб менаџмент


Не е дека нема буџет во здравствените институции, но нема ред и нема дисциплина. Секоја здравствена установа во Македонија добива буџет од Фондот за здравствено осигурување, но имаме слаб менаџмент што го оставаме да работи по неколку години а немаат никаков резултат, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на прашањата на пратениците на Анкетната […]

Измените во Кривичниот законик го застареа и предметот против Ивона Талевска


Уште еден предмет застаре, како последица на носењето на измените во Кривичниот законик. Станува збор за случајот познат како „Продуцент“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски. „Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање […]

Ќе се дислоцираат мечките од Маврово


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава.   Владата ги задолжи надлежните […]

Недела на италијански јазик во Македонија, ќе се промовира и поштенска марка


Денеска почнува Неделата на италијански јазик во Македонија, која оваа година е посветена на темата „Италијанскиот јазик и одржливоста“, со осврт на еден од најзначајните италијански писатели Итало Калвино, токму на стогодишнината од неговото раѓање. Организатор е Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со институциите кои ја промовираат италијанската култура во земјава, од каде […]

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата


 Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“. – Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не […]

Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите


Независниот синдикат на судска администрација денеска одржа синдикален марш од пред платото на Основниот кривичен суд Скопје до Владата изразувајќи незадоволство од висината на платите во судската администрација и повика на преговори со Владата. Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација Јасмина Величкова го повика премиерот Димитар Ковачевки што поскоро да отпочнат преговорите со Синдикатот […]

Државната награда „23 октомври“ за тимот на првата трансплатација на црн дроб


Медицинскиот тим кој ја направи првата трансплантација на црн дроб во земјава, професорот Африм Османи, уметникот Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски се годинашни добитници на државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерството за култура.   Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните […]

Ковачевски се сретна со Македонците од Албанија


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тирана се сретна со претставници на македонското национално малцинство во Албанија и  разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата македонското малцинство го претставуваа Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија, Кимет Фетаху, активист и претседател на друштвото МИР, […]

НП „Шар Планина“: Општина Тетово отстранетиот асфалт го фрла во природа


Директорот на Националниот парк „Шар Планина“ Ибрахим Дехари денеска на прес-конференција ја обвини за негрижа кон природата Општина Тетово, затоа што асфалтот отстранет од улицата во викенд населбата, според него, бил оставен во природата. Тој прикажа видеоснимка на која се гледа како камион истовара градежен материјал, со порака дека секој посетител на скијачкиот центар исто […]

Млада докторка во Скопје донираше матични клетки за пациент со тешка болест


На Универзитетската клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храброст и човекољубие – млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки, со што ќе спаси живот на пациент, кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција. За ова попладнево информираа од Министерството за здравство. […]

Филипче: Во мое време немаше ниту еден пациент без лекови


„Во мојот мандат додека бев министер за здравство немаше ниту еден пациент што останал без лек“, порача денес поранешниот министер Венко Филипче одговарајќи пред членовите на анкетната комисија за случајот со  можни злоупотреби на Клиниката за онкологија. Неговата  одбрана одеше на линија дека како министер водел сметка пред се да има лекови за пациентите и […]

Се јави првиот кандидат за претседател – Вело Марковски


  Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и лекар, Вело Марковски, објави дека ќе се кандидира за претседател на државата на изборите идната проле. Марковски официјално кандидатурата ќе ја објавел в четврток, 19 октомври. За да може воопшто да биде кандидат, а не според лична желба, Вело Марковски ќе треба да собере 10.000 потписи или да […]

Застаре случајот „Таргет-Тврдина“ – на Мијалков нема да му се суди за прислушувањето


Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат […]