Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 октомври 2023 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 83 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минута. Денов трае 10 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Половина Скопје без струја


Без струја во четврток ќе останат делови од општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Илинден, Арачиново и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.  Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Никола Тримпаре“ во Општина Центар, […]

Утре получасовен протест пред сите здравствени установи


Во четврток, во периодот од 10.30 часот до 11 часот Независниот синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал, организира предупредувачки протест пред сите здравствени установи во  Македонија. – Воедно ги замолуваме сите возачи на амбулантни возила да нѐ поддржат со едноминутна звучна сигнализација (од 10:30 часот до 10:31 часот) во знак на револт. За […]

Поголем дел од Дебар утре 8 и пол часа без струја


 Во периодот од 7 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе биде поголем дел од градот Дебар. Според Регионалниот центар на ЦУК без струја целосно ќе биде населбата „Венец-1″, како и поголемиот дел од потрошувачите во населбата „Венец-2″. –  Тоа поради  реализација на зафати  на Електродистрибуција во насока на  реконструкција и модернизација на […]

Заличува ботаничката градина во ЗОО Скопје


Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на третата фаза на изведба на новата Ботаничка градина во Скопје во рамки на Зоолошката градина, која се простира на 12.600 квадратни метри. Во следната фаза се продолжува со садење на над 4.600 уникатни дрвја и садници, а завршено е и поставувањето нова урбана опрема, видиковци и други содржини за […]

Домашните безбедносни служби ги следат состојбите, информирание сме за зголемувањето на сензитивноста, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на безбедносната состојба во земјава по подигнувањето на нивото на безбедност во европските држави изјави дека надлежните ја следат ситуацијата, но дека нема конкретни закани. – Во однос на состојбата во Северна Македонија, тоа е надлежност на домашните служби, постојано сме известени за зголемувањето на сензитивноста без […]

Средношколци од Кавадарци произведоа крем, гел и маст од гавез против болки во зглобовите


– Ученици произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија на Средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, информираа попладнево од оваа воспитно-образовна установа. – Вештите и вредни раце на учениците од медицинската струка – „фармацевти“, денеска изработија природни производи од билката гавез, во форма на крем, гел и маст. Гавезот е магична билка, моќно решение за […]

Државата ќе го заштити Старото градско јадро на Охрид од дивоградби и изградба на нови објекти


Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. На седницата претседаваше […]

Обезбеден нов современ апарат на Торакална хирургија


Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска ја посети Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство, како што информираат, за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex да се користи на оваа клиника. Овој апарат, како што […]

Нухиу: Концептот на дуално образование да се прошири и на факултетите


Заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу очекува концептот дуално образование да се прошири и во високото образование. Како што објави МОН, Нухиу на настан на Земјоделскиот факултет во Штип изразил задоволство што образовните установи во државата сè повеќе воспоставуваат добри релации со компаниите, кои стануваат учесници во воспитно-образовниот процес, јакнејќи ја компонентата – практична […]

Ќе се садат дрвја на местото на исушените, а ќе се кастрат и гранки


Голема акција за уредување на градското зеленило почна денеска при што ќе се засадат нови дрвја на над 100 локации во градот. Во рамките на оваа акција, се отстрануваат старите и исушени дрвја и садници, а на нивно место се засадуваат нови дрвја.   Паралелно се отпочнува акција за кастрење во сите делови на Скопје, […]

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство


Во скопското основно училиште „Димитар Миладинов“ денес се одржа првата од осумте работилници што се резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и Општина Центар во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците имаа можност да се здобијат со знаења и со искуства поврзани со булингот, а добија и едукативен материјал наменет за нив, но и за […]

(Галерија) Црвениот крст покажа дека е подготвен за прва помош при земјотрес


Со симулација на прва помош при итна ситуација – земјотрес, Црвениот крст денеска кај Градски Парк во Скопје ја одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“. Целта на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето истакна дека ова вежба ги покажа сите позитивни страни […]

Назначувањето в.д. директори е редовна практика наместо исклучок


Правните празнини и недоречености во легислативата како и дискрециските овластувања се ризик за интегритетот и назначувањето засновано на заслуги на раководни позиции во јавните институции, беше заклучено денеска на тркалезна маса на која беше презентирана анализата „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“ на истражувачот Миша […]

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство


Во скопското основно училиште „Димитар Миладинов“ денес се одржа првата од осумте работилници што се резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и Општина Центар во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците имаа можност да се здобијат со знаења и со искуства поврзани со булингот, а добија и едукативен материјал наменет за нив, но и за […]

МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии од различни области


Министерството за образование и наука денеска објави девет конкурси за доделување 3.500 стипендии од различни области. МОН доделува 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, сто стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) […]

Комуналните претпријатија не се кадарни да управуваат со отпад – немаат ни основна инфрастуркура


Комуналните претпријатија во земјава, што поради недостиг на кадар, што поради, немање финансии, а и погодени од финансиски кризи, не се ефикасни во справувањето со отпадот, а проблем е и непостоечкиот систем на селекција и отсуството на депонии. – Знаеме каде сакаме да одиме, како проблем останува имплементацијата на законите во коешто е транспонирано целото […]

Македонија не исполнила целосно десет препораки на ГРЕКО


Северна Македонија на задоволително ниво имплементираше 13 од 23-те препораки содржани во Извештајот за евалуација од петтиот круг, девет се делумно имплементирани и една не е имплементирана, се наведува во вториот извештај за усогласеност на Групата на држави против корупција (ГРЕКО) при Советот на Европа.  ГРЕКО заклучува дека Северна Македонија е „во недоволна усогласеност“ со […]

Грковска: Сѐ уште има доволно време случаите од СЈО да завршат


Ова е предмет којшто пет години се водеше во судските лавиринти, уште повеќе Апелација неоправдано го држеше девет месеци и бевме свесни дека е близу до ризик од застарување уште минатата година кога се случи одлуката на Апелација, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со одлуката на судот вчера за […]

Земјотрес почувствуван во Скопје и во Тетово


Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер е почувствуван во Тетово, Скопје и околината. Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на околу 13 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 5 километри, или на 39 км од Скопје. Земјотресот се случил во 10.24 часот, по локално време.