Се асфалтира улицата „50“ во Шуто Оризари


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за реконструкција на улицата „50“ во општината Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за граѓаните на оваа општина и со која се решаваат долгогодишните проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции од […]

Џолев: Требало да се внимава на тајмингот за измените во КЗ


Она што како фела го анализираме е дека требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни, изјави претседателот на Основен кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, во врска со измените на […]

Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“


Осумте основни училишта во Општина Аеродром ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и […]

Ниедна вакцина во земјава не е примена во препорачаните 95 отсто


Препорачаниот опфат над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во Македонија и неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата, за да се знае оти токму вакцинацијата превенира многу болести. Ова е заклучокот од брифингот со новинарите насловен „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“, на кој учествуваа […]

Битолскиот музеј го обнови Пациото во турската касарна со европски пари


  БИТОЛА – Битола сепак се обновува со европски пари, а успешноста на активностите по сѐ изгледа зависи од двојните аршини на локалните политичари. Денеска во Битола свечено ќе биде промовиран новиот лик на Пациото, простор  во Завод и музеј Битола, чија обнова е во рамките на истиот проект „Smart4You2“,  за кој мнозинството во Советот […]

Здравствените работници излегоа на протест, бараат покачување на платите за 30 отсто


Независниот синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал денеска во Скопје и неколку градови од внатрешноста организираше протест на членството во знак на незадоволство од висината на платите. Тие бараат покачување на платите за 30 отсто, четири проценти инфективен додаток, бенефициран стаж за целото здравство, како и промена на колективниот договор, бидејќи како што […]

Уште не се доставени сите учебници за шесто одделение, а се работеше и за викенд


 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува доставата на учебници за шесто одделение да заврши наскоро и дека во некои градови таа е веќе завршена. Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик Шаќири вели дека учебници за шесто, кои годинава се печатат нови согласно новите наставни програми, се доставуваат секојдневно и дека […]

Запрена истрагата за „Делчевски ниви“, сведок го сменил исказот


  Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица, од кои две осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, додека останатите им помогнале во извршувањето […]

По 800 ковид случаи во земјава на месечно ниво


Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести. Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување […]

За 10 години дигиталниот профил ќе биде потребен за да се добие услуга или работа


Владата, граѓанскиот сектор и образовните институции треба да ги едуцираат граѓаните, особено младите како да ги користат дигиталните алатки и вештачката интелегенција, но истовремено и како да си ги заштитат личните податоци и приватноста. Ова е еден од клучните заклучоци на денешната конференција за „Заштита на приватноста во дигитална ера: во потрага по заеднички решенија” […]

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки


Доколку некоја компанија 10 пати во месецот увезува редовно едни производи, а само еднаш месечно се увезува различна пратка која не е типична за неа, тогаш ИТ системот што ќе се развие и имплементира со грант од Република Кореја ќе алармира за можен ризик, што треба да се провери и контролира, вели директорот на Царинска […]

За викендот со температури до 29 степени, но со локален пороен дожд


Следува период на потопло време, утре и во сабота ќе дува засилен јужен ветер. Во текот на ноќта кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до осум, а максималната дневна ќе достигне 29 степени.

Вработените во обвинителствата од утре ништо нема да работат – бараат зголемување на платите


Вработените од јавните обвинителства во земјава денеска повторно дојдоа во Скопје за да штрајкуваат за исполнување на нивните барања за покачување на платите. Штрајкот го организира синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија, а неговиот претседател Трпе Дејановски потсети дека денеска е 17-тиот ден од почетокот на штрајкот во јавните обвинителства. Дејановски предупреди […]

Случај „Ласкарци“: АБС системот на автобусот бил неисправен на сите тркала


Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува […]

Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври неработен за сите граѓани


Ден на македонската револуционерна борба –  23 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Како што информира Министерството за труд и социјална политика, овој ден е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).   Од МТСП на сите граѓани им го честитаат празникот. 

ССМ: Апелираме да се намалат функционеските плати


Сојузот на синдикатите на Македонија апелираме до Владата да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто. – Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и […]

Во Скопје регионална експертска конференција за Кластер 1


Во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“. На овој регионален експертски дијалог се очекува да бидат разменети национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област. […]

Сончево со мала до умерена облачност


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево со мала до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 октомври 2023 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 83 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минута. Денов трае 10 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]