Протест на ромската заедница заради неправедни пресуди на судот


 

Во организација на „Ромалитико“, денес се одржа организиран протестен марш кон Основниот кривичен суд, каде што ромската заедница, го искажа револтот против судскиот систем и одлуките на судската власт за предметите водени кон ромската заедница во целина.

Ромите забележуваат голем контраст во тежината на правдата што им е доделена од страна на судскиот систем во државата. Овој револт е посебно потикнат од последната пресуда од надлежната судијка за изречената казна од 2 години и 3 месеци за усмртување на 10-годишно дете во сообраќајна незгода. Според протестантите, ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.

Овој случај ги потврдува забелешките за владеењето на правото во целина,  селективната правда и ниската доверба на јавноста во судскиот систем.  

Учесниците на протестот прашаа дали овие минимални казни би биле исти ако жртвите не се Роми? Оваа селективна примена на правдата претставува директен напад врз заедништвото и демократските принципи.