Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д


ЈП „Градски паркинг“-Скопје соопшти дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на  зоните А, Б, Ц и Д.  Како што информира, редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата:  Зона А0- Водно, катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните […]

Спасовски очекува денеска да биде испратена целосната документација на екстрадиција на Палевски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува денеска да биде испратена во Турција целокупната потребна документација на екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  – Започната е целосната постапка, доставени се сите материјали до Министерството за правда. Според моите информации и разговор со министерот уште вчера се работи на […]

Кривична пријава ќе има и за возачот што го носел Палевски до Турција


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека сѐ уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград. – Адвокатот е задржан на распит којшто сѐ уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат […]

Град Скопје конечно ги доставил документите за Универзална сала до Министерството за култура


  Повеќе од една година помина откако министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ненадејно отидоа кај градоначалничката Данела Арсовсска во Град Скопје, за да се договорат Министерството за култура да ја преземе реконструкцијата на Унивезалната сала.  Вчера, Владата на седница го задолжи Министерството за култура да ги разгледа документите […]

Обвинител ги заташкувал предметите, побарано негово разрешување


  Јавното обвинителство денеска соопшти дека е поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради тоа што не постапувал по предмети во законски пропишаните рокови.  Во соопштението не се наведува за кој јавен обвинител станува збор, освен дека тој е од Основното јавно обвинителство Скопје. Според некои медиуми, наводно станува збор за Мартин Митревски, кој го […]

Зибери: Институциите не успеаја да овозможат соодветна и правична застапеност во јавниот сектор


Народниот правобранител Насер Зибери денеска го претстави Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор и Посебниот извештај од анализата на податоците за полова и образовна застапеност за 2022 година. -Констатација на Народниот правобранител е дека скоро сите помалубројни заедници се застапени со скоро идентичен процент на […]

СДСМ: Кај Мицкоски нема ни грам човечност


  Христијан Мицкоски вели дека има сериозни информации оти истрагата за грабнувањето на Вања Ѓорчевска почнала предоцна, а СДСМ го обвини дека во него нема ни грам човечност. За време на синоќешното интервју на ТВ Шења лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  фрли сомнежите и обвинувањата и како многу пати во слични ситуации рече дека за тоа не […]

Постапката за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче во тек, останатите осомничени во 30-дневен притвор


Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе […]

Без електрична енергија делови од општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош. Како што соопшти РЦУК Скопје, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците „Индира Ганди“, „Хаџи Јован Шишов“ и „Тиквешка“,  Амбулантата и градинката „8-ми Април“ во општина Шуто Оризари. Во […]

Почнува проектот за поддршка на АЦВ во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството


Конференција по повод започнувањето на новиот твининг лајт проект „Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството“, финансиран од ЕУ, а во реализација на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата, како што е наведено […]

Облачно и студено со дожд, на планините снег


 Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе […]

Нема повеќе вработувања во јавната администрација преку Агенции?


На денешната владина седница, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, беа разгледани и утврдени предлози на закони коишто се важни за реформата во јавната администрација и дигиталната трансформација на државата. Законите, според предлагачот, ќе придонесат да се забрза процесот на подобрување на демократските процеси во државата, доближување на јавната администрација до граѓаните […]

Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала


  На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба. Со ова, правото за реконструкција на Универзална сала се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура. – Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од […]

Министерот за правда го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски


  Министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша барањето за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски кој беше уапсен во Турција. „Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските […]

Адвокатот со кого Палевски замина во Белград на распит во полициска станица


 Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград, е на распит во полициска станица, потврдија за МИА од полицијата. Стојков пред неколку дена во изјава за медиумите рече дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на лекарски прегледи и дека не […]

Од 11 декември изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола


Од 11 овој месец поради геотехнички истражувања на коловозот ќе има изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, соопштуваат од АМСМ. Времениот режим на сообраќај, како што се наведува во соопштението, ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација […]

Град Скопје: Најзагадени градови се Струмица и Тетово


Согласно светскиот мониторинг систем WAQI кој ја мери загаденоста во сите главни градови во светот, градот Скопје не се наоѓа во листата на топ 10 загадени градови. Според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче […]