Пенов и Ѓорѓиевски со спротивставени ставови околу финансирањето на општините од страна на централната власт


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, воедно и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, имаат спротивставени ставови околу финансирањето на општините од страна на централната власт. Министерот Пенов вели дека се финансирани 135 проекти во општините и во планските региони, во вредност од 850 милиони […]

Скопското обвинителство го изготви барањето за екстрадиција на Палевски од Турција


  Основното јавно обвинителство Скопје го изготви барањето за екстрадиција од  Турција на Љупчо Палевски осомничен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител […]

Отворена енергетска канцеларија во Центар


Општина Центар ја отвори првата Енергетска канцеларија во нашата земја, со цел да ја поттикне енергетската транформација и транзиција во локалните самоуправи, но и пошироко на државно ниво. Во канцеларијата, сместена во Младинскиот центар ,,Матично’’, граѓаните и сите заинтересирани страни ќе можат да се информираат за можностите за енергетски инвестиции, да учат на темата зелена […]

Стевче Јакимовски: Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ промовираше политички простотилак


  Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, го осуди ВМРО-ДПМНЕ дека се се впуштило во неморална политичка пресметка по двете грозоморни убиства кои ја потресоа до темел нацијата. „Ова е најодвратниот дел од политиката. Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ гледа политички да се пресметува. Вчера излегоа со прес-конференција, направиле републички штаб за […]

Германската амбасада донираше опрема за Доброволното противпожарно друштво од Кочани


Доброволното противпожарно друштво од Кочани денеска доби опрема за лична заштита и технички уреди за меѓусебна комуникација на пожарникарите волонтери, што како донација ги обезбеди Амбсадата на Сојузна Република Германија. Претставници на донаторот присуствуваа на примопредавањето на опремата што се реализираше со финансиска поддршка од фондот Мали проекти на Амбасадата. -Амбасадата го поздравува хуманиот доброволен […]

Ѓорѓиевски: Владата не им помага на општините – за заштеда на струја се исклучи уличното осветлување


Нема општина со проблем во плаќањето електрична енергија и верувам дека годинава ќе бидат избегнати проблеми како минатата година кога дел од општините беа исклучени. Многу поспремни влегуваме оваа година, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС пред почетокот на Годишната конференција за децентрализација и локално управување, која ја организира Програмата за развој на Обединетите нации […]

Бруталните убиства на жените во Западен Балкан предизвикаа голема тревога


  БЕЛГРАД – Маж во Босна ја уби сопругата и го пренесуваше убиството во живо на Инстаграм. Во соседна Србија, 27 жени беа убиени во родови напади оваа година, и покрај напорите да се подигне свеста и да се смени трендот. Активистите во Косово велат дека насилството врз жените таму е „национална вонредна состојба“. Низ […]

Магла во Крушево, снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Магла со видливост до 100 метри има во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување […]

Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло


Времето во четврток ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, соопшти УХМР. Во петок ќе дува засилен […]

Министерството за правда побара од турските власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор сѐ до екстрадицијата


Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање. – Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување […]

Петок неработен ден за сите граѓани на Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот Св.Климент Охридски.

Основците ќе пребаруваат наставни и едукативни содржини преку ИТ-опрема за безбеден пристап до интернет


Информатичко-комуникациската инфраструктура во основните училишта во државата се унапредува. Во 40 од нив веќе е поставена нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти Министерството за образование и наука. МОН појаснува […]

Одобрен притвор од 30 дена за осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


  Основниот кривичен суд Скопје денеска објави дека е прифатен предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. за кого вчера Јавното обвинителство соопшти дека се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да пребегне во Турција. Повеќе медиуми објавија дека станува збор за лицето […]

Барањето за екстрадиција на Палевски од Турција најверојатно ќе биде испратено денеска


Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување […]

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“


„Филозофијата и глобалните проблеми“ е тема на осмиот Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, што деенска и утре го организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија, соопшти Филозофското друштво […]

Снег на Попова Шапка, магла на Плетвар


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои […]

Регионална работилница за управување со големи месојади


Регионална работилница за размена на искуства за управување со големи месојади (мечка, рис, волк) ќе се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Ќе учествуваат експерти од областа и преставници на надлежни институции од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, програмата вклучува […]

Делови од Чаир, Петровец и Ѓорче Петров без струја


 Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од жителите од општините Чаир, Петровец и Ѓорче Петров.  Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Кумбара“, „Исмаил Кадире“, „Севастополска“, „Кримска“ и „138“ во општина Чаир. Од 9 до 11 часот денеска без струја ќе биде објектот на „Кипер“ лоциран во […]

Панел „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“


 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го организира панелот „Како да се постигне подобра соработка во борбата  против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“ во рамки на Отворен форум за антикорупција, кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје. Од Платформата информираат дека целта на овој Форум е да се прикаже […]

Без вода дел од корисниците на улиците „Леринска“ и „Ловќенска“


Дел од корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ ќе немаат вода од 9 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е  поради изведување водоводен приклучок од ф 100-мм на ул. „Леринска“ бр.41 во населба Козле и ќе трае до завршување на зафатот.