Отворен форум за антикорупција


 Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмите „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција“ (СЕЛДИ), денеска и утре во Скопје го организира „Отворениот форум за антикорупција“ Како што информираат од МЦМС, целта на овој Форум е учесниците преку дискусии да се осврнат на антикорупциските предизвици со кои се соочува општеството и […]

Годишна конференција за децентрализација и локално управување


 Во Скопје, денеска и утре ќе се одржи Годишната конференција за децентрализација и локално управување, во организира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и во партнерство со Министерството за локална самоуправа.   Отворањето на конференцијата, која годинава е на тема „Граѓаните во фокус: Креирање иднина со поквалитетни локални услуги“, ќе се одржи на […]

Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје […]

Фатен е убиецот на Вања и на Панче, Љупчо Палевски – Палчо, МВР со прес во 22,30 часот


Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, јавија повеќ медиуми вечерва. Тој бил задржан на граница, односно, Палчо бил  уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР, по двојното убиство на Вања Ѓорѓиевска и Панче Жежовски. Засега се […]

Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска спроведени во Кривичен, ОЈО бара продолжување на притворот


Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор. Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска […]

Шест месеци изменет режим на сообраќај на делницата Тетово-Гостивар


Почнувајќи од денеска ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Како што информира АМСМ, времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. – Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна […]

Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања


Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер. По одлуката на американскиот Стејт […]

Обвинителство бара притвор за уште едно лице, под сомнение дека му помогнал на Палевски да избега


Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.  Како што информираат од Јавното обвинителство, лицето е […]

Семејното насилство расте, а 90 отсто од жртвите се жени


Во нашата држава има пораст на пријавени случаи на семејно насилство при што во 90 отсто од случаите жените се жртви на ова насилство, кажа денеска министерот за правда Кренар Лога, кој присуствуваше на Регионалната конференција „Обединети против насилство – Доста е”, која се одржа во Приштина. Како што тој кажа, насилството кон жените и […]

Анѓушев ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД


Откако Стејт департментот на САД го стави на „црната листа“ поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, тој во соопштение до медиумите вели дека ќе ја обжали оваа одлука.  „Во текот на мојот мандат во Владата на Република Северна Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес […]

САД го ставија Кочо Анѓушев на црната листа со забрана за влегување


  „Соединетите Држави го означија Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини […]

На учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани им се забранија мобилните, а се донесе и кодекс за облекување


 Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е донесена одлука да им се забрани на учениците да ги користат мобилните телефони додека престојуваат во училишниот објект, а изготвен е и Кодекс на облекување. Употребата на мобилните телефони се забранува во целост, односно за време на часовите, но и на малите и големите одмори, а […]

Меџити се сретна со Хилари Клинтон на COP28 во Дубаи


Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи остварил средба со поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави Хилари Клинтон, соопшти Министерството за здравство. -Чест ми е што имав можност да остварам кратка средба и да размениме мислења со почитуваната Хилари Клинтон, поранешна […]

Резултати ПИСА 2022: Учениците од Македонија не напреднале на тестирањето во 2022 споредено со 2018 година


Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од меѓународното ПИСА-тестирање спроведено во 2022 година, во кое учествувале ученици на 15-годишна возраст од 81 земја во светот.  Како што соопшти Министерството за образование и наука, за нашата држава разликата во резултатите споредено со тестирањето пред пет години е  минимална и Северна Македонија го […]

Никој не сака да биде поврзуван со Палевски, па ни Мицкоски


  Христијан Мицкоски прилично невообичаено за неговото политичко однесување вчера одби да одговори на прашањето на новинарите од порталот „Инфомакс“ дали се има сретнато со десно радикализираниот Љупчо Палевски, осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Мицкоски е познат по тоа што сака да одговара на прес-конференции, дури и да се надзборува со […]

Речиси 2.000 посетители на Собранието во ноември


Безмалку 2 000 граѓани, ученици и наставници, членови на граѓански здруженија и невладини организации, минатиот месец го посетија Собранието на Република Северна Македонија и ја искористија можноста да се запознаат со функционирањето и организацијата на законодавниот дом, да ги разгледаат најрепрезентативните простории и сали и да научат повеќе за историјата и за законодавниот процес. Парламентарниот […]

Тренчевска: Децата се безбедни, да не се создава паника


Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. -И министерот Спасовски и обвинителот вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека децата не ни се безбедни. Децата се безбедни, меѓутоа токму […]

Триста наставници во Битола не знаат дали ќе продолжат да работат


  БИТОЛА – Неизвесно е дали 301 наставници од основното и средното образование во Битола ќе продолжат да работат и дали учениците ќе имаат настава пред крајот на прво полугодие, откако Министерството за образование не даде согласност за трансформацијата на работниот однос, објави денеска на прес-конференција градоначалникот Тони Коњановски.  Образованието и вработувањата на одделенски и […]

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година. Од Министесрството посочуваат дека корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа […]