Граѓанскиот и Апелацискиот суд не разбрале дека новинарката Душица Мрѓа известувала за 27 април, утврди Уставниот суд


 

Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година.

Ова го одлучил Уставниот суд денеска на седница по поднесено барање за заштита на слободи и права за 27 април 2017 година, поднесено од новинарката Душица Мрѓа.

„Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд, не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот оцени дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало да информира за изборот на претседател, но била оневозможена во тоа. Според Судот, државата е должна да обезбеди услови на новинарите да можат слободно да известуваат“, се вели во соопшението од Уставниот суд.

Според Уставниот суд, слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.

„Ова имплицира слобода на медиумите да добиваа информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес, без граничувања со цел информирање на јавноста“, пишува во соопштението.

Новинарката Душица Мрѓа беше дел од нападнатите новинари на „Крвавиот четврток“ на 27 април.