Мирјана Јовановска Стојановска, психотерапевт: Убиството на Вања е емотивна траума за учениците


Да им помогнеме да ги процесираат сите овие емоции, сето тоа што го носат во себе, мислите што ги имаат за да ги донесеме до едно ниво каде што ќе бидат способни да продолжат понатаму, вели Мирјана Јовановска Стојановска, претседателка на Комората на психолози на Македонија. Одговорноста е кај возрасните, но и кај наставниот кадар […]

Конституиран Општински совет за превенција на детско престапништво во Пехчево


Во Пехчево e конституиран Општинскиот совет за превенција на детско престапништво. За таа  цел се одржа првиот состанок на кој беа избрани раководните органи на ова тело кое има за цел да ја популаризира темата за превенција од детско престапништво. -На првата конститутивна седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво беше избран претседател […]

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло


Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.   -На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две […]

(Во живо) Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство“


 Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ на која свои обраќања ќе имаат: првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски […]

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања


Трагичен крај на потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, објави грчката невладина организација за заштита на децата и нивните права „Насмевката на детето“ во соопштението во кое информира дека девојчето од Скопје беше пронајдено убиено, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата седмица, како што објави МИА, „Насмевката на детето“ информираше во Грција за исчезнувањето на […]

Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“


Во кино Фросина, МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов. Книгата претставува монографија за тажачките песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година.  Станува збор за записи снимани во […]

Трибина „130 години МРО“ и промоција на зборникот „120 години од Илинденското востание“


Матица на иселениците од Македонија и Општина Карпош денеска, во годината кога се одбележуваат 130 години од основањето на Македонската револуционерна организација, 120 години од Илинденското востание и 120 години од смртта на Гоце Делчев, организираат трибина „130 години МРО“ и промоција на зборникот на трудови „120 години од Илинденското востание“ и зборник на трудови […]

Без струја корисниците од неколку улици во општините Гази Баба и Аеродром


Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Гази Баба и Аеродром. Во периодот од 08 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците на ул. „Димче Милошевски“ и ул. „Перо Наков“ (Месер -Вардар, Интерпласт, Елмонд-електро и објекти во нивна близина), во општина Гази Баба. Во […]

Обдукцијата на Вања и Панче е завршена, наодите ќе дадат одговори на многу прашања


  Обдукцијата врз телата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на малолетничката Вања и […]

Тркалезна маса како да се зајакне борбата против семејното насилство


По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира тркалезна маса на високо ниво на која ќе присуствуваат претставници од институции и граѓански организации кои работат во областа на спречување и заштита од родово базираното насилство. Како што е најавено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тркалезната […]

По котлините магла, попладне локални врнежи од дожд, на планините снег


По котлините денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 […]

Магла со видливост од 100 метри на планинскиот премин Ѓавато


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од ЈП Македонија пат информираат дека магла со видливост од 100 метри има на планискиот премин Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и […]

Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка


Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.   Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителства да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и […]

Спасовски: Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе


Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини, објави […]

Медиумите во регионот за убиството на Вања Ѓорчевска


Медиумите од регионот објавија вести за најновите детали поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, повикувајќи се на информациите од денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски.  Сите медиуми во Србија – РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како топ тема, од […]

Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош


  Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија. Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна […]

Генерално собрание на ЗЕЛС: Се разговара за блок дотациите во образованието, за децентрализацијата, за пожарникарите


Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, во фокусот меморандумот за соработка со Владата и блок дотациите за основното образование. Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ја одржa петтата седница на Генералното собрание, што е највисоко тело на заедницата. Во фокусот на седницата се потпишувањето меморандум за соработка со Владата и новата формула за […]

Бугарското МВР тврди дека „до моментот нема информации“ оти Палевски е во Бугарија


Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје „Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА. БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во […]

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието


Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 16 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, мнозинството во Советот ја поддржа Предлог – Одлуката за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник – овластен просветен […]

Австриската полиција со дронови ѝ помага на Србија да ја надгледува границата со Македонија заради миграцијата


 Австриската полиција користи дронови за да и помогне на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија. Ова е кажано за австриската агенција АПА при МВР во Виена. „Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за беспилотни летала се бара и на границата на […]