Утре без струја делови од Аеродром и Гази Баба


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека на ден 10.01.2024 година (среда) без електрична енергија ќе останат:

 

Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од ул.„10“ во населба Инџиково. (општина Гази Баба)

Во периодот од 9 до 14 часот, дел од корисниците од ул. „Анастас Митрев“. (општина Аеродром) и дел од корисниците од ул. „Коце Металец“, како и корисниците од улиците „Гемиџиска“, „Рударска“ и „Филип Филиповиќ“. ( општина Гази Баба)