Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 декември  2023 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 5 […]

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани фатен со кокаин


  Претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани, Александар Толоманоски, е фатен со кокаин од МВР во еден угостителски објект во Охрид, а партијата го разреши од функцијата, а многу брзо, како што најавија, и ќе го исклучат. СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Кирил Пецаков било фатено […]

ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче


Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста. – Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. […]

Врачена наградата „Мето Јовановски“ за 2023 на „Лице в лице“ и Борис Стаменов


На непрофитното улично списание „Лице в лице“, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, еднаквост, демократија и хуманост, и на Борче Стаменов од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери и од нив создава нови донирајќи им ги на социјално загрозени семејства, денеска во Собранието им беше доделена државната награда „Мето Јовановски“  2023 – највисоко признание […]

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања и пред 27 ноември


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, изјави денес дека возилото со кое била киднапирана четиринаестгодишната Вања Ѓорчевска било регистрирано во системот на камери „Безбеден Град“ неколку пати пред 27 ноември годинава, кога и се случи убиството на девојчето.   „Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, […]

Дел од Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја


Корисниците на дел од селото Петровец, објектите што се наоѓаат по патот за Огњанци, село Бадар, дел од Катланово, објектите накај Тотинци, селата Блаце, Кожле и Огњанци, како  фазанеријата Јасен утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.  Во периодот од 8:45 до 9:45 часот, без струја ќе бидат и […]

Законот за канцеларија за поврат на имот влегува во собраниска процедура


Во собраниска процедура влегува законот за канцеларија за поврат на имот, информираат од Министерството за правда. -Со новиот закон, чиј предлагач е Министерството за правда, АРО канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска […]

Утрово минусни температури, во Битола измерени минус 5 степени


Најстудено утрово е во Битола каде што во 7.30 часот се измерени 5 степени под нулата. Минусни температури се измерени и во Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Берово, Попова Шапка и Крушево (-4), -3 во Струмица и Дебар, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Маврови Анови и Претор и -1 степен во […]

Родители реагираат дека нема термини за ортопед


 Родители реагираат дека нема термини за ортопед за деца. Некои од нив тврдат дека со месеци чекаат термин. Велат дека губат време и пари во обидите да обезбедат здравствена заштита на своите деца. Од Министерството за здравство во изјава за МИА велат дека во тек се контроли во јавните здравствени установи, согласно Законот за здравствена […]

Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ 2023 – добитници „Лице в лице“ и Борче Стојменов


Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена годинашната државна награда „Мето Јовановски“  – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. За 2023 година оваа награда ќе им биде доделена на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ – непрофитно, независно улично списание, посветено на одржливиот развој, социјалната […]

Од утре времен режим на сообраќај на делницата Прилеп-Битола


Од утре, понеделник, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект, информираат од АМСМ. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите […]

Променливо облачно, попладне дожд и снег на планините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до […]

(Фото/видео) Гори автомобил кај Железничката станица во Скопје


Вечерва, се запали автомобил во близина на Железничката станица во Скопје. Според жителите од околните згради, најпрво нешто пукнало, а потоа се забележал густ, црн чад. Полицијата е на местото каде се запалил автомобилот и се врши увид за да се утврдат причините.  Не се знае зошто се случил пожарот, ниту дали некој е повреден.  […]

Малкумина на протестот за Вања и Панче


  Едвај десетина души се појавија денеска на протестот во Градскиот парк во Скопје најавен како граѓанско незадоволство и барање правда против извршителите на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Протестот се најавуваше на социјалните мрежи, а официјално немаше најавен организатор. „Им благодарам на само 12 луѓе овде, кои се појавија на овој протест. […]

Чудесните бои на есента


  Некои велат дека тоа е најубавото годишно време во годината. Албер Ками напиша дека „есента е втората пролет кога секој лист е цвеќе“.  И навистина е така. Јавори, брези, дабови, липи, кајсии, праски – сите тие во нивното подготвување за зимата ги губат листовите на таков чудесен начин што создаваат вистинска визуелна уметност во […]

Времето денеска ќе биде главно облачно


  Времето денеска во северозападниот и централниот дел од земјава ќе биде умерено до значително облачно, а во источните делови сончево. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер во северните делови, а југоисточен на југоистокот. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 0 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови. […]

Академијата за роботика и иновации го нуди она што не може формалното образование


Академијата за роботика и иновации е составна од млади професионалци кои имаат за цел да го претстават концептот на иновациите во едукативниот процес, да го поттикнат развојниот процес на талентите кои ги поседуваат децата и младите, да ја поттикнат креативноста која во детството е еден свет, а во текот на животот овозможува снаоѓање на секое […]

Русковска: Колегите во Турција, за екстрадицијата, ќе имаат предвид дека убиено е и 14-годишно дете


Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата […]

Ковачевски:  Најдобар начин да се оддаде почит на делото на Св. Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија


Најдобар начин да се оддаде почит на безвременското просветителско дело на патронот на македонската култура свети Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија, а тоа е направено со успехот да се издигне македонскиот јазик на рамниште со јазиците во светот, а Македонската православна црква да биде еднаква со сите канонски православни цркви, истакна премиерот […]

Закани кон обвинителка од Прилеп, притвор за едно лице


Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. -Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални […]