На Палевски во Турција му е одреден 40 дневен екстрадициски притвор


Министерството за правда попладнево соопшти дека на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше уапсен во Баликесир, Турција, му е определен екстрадициски притвор во траење од 40 дена. -Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота […]

Левица обвинува: Муцунски го претвори Аеродром во депонија


Партијата Левица го обвини градоначалникот Тимчо Муцунски дека последниве години Општина Аеродром наликува на депонија и дека води грижа за лични а не за граѓанските интереси..   -И покрај повиците на жителите од општината, градоначалникот никако да се справи со една од основните комунални работи, а тоа е чистотата на јавните површини. Во немоќ и незнаење […]

Администрацијата на Карпош ќе се вози со електрични тротинети


Општина Карпош, со издвоени средства од буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби. – На овој начин, вработените во Општината,кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства кои воопшто не придонесуваат за […]

Подготвени предлог-измените на Изборниот законик


Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените кои се поддржани и од министерот за правда Кренар Лога кој смета дека платеното политичко рекламирање не треба да биде на товар на државата. На лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, па Министерството за правда ќе ја достави […]

Одложена седницата на матичните собраниски тела за Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација


Заедничката денешна седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања се одложи поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. На дневен ред на оваа заедничка седница беа разгледувањето на Нацрт патоказот за владеење на правото и Нацрт-патоказот […]

Нови дваесет интервентни комбиња доби Полицискиот центар Ѓорче Петров


Дваесет интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи беа промовирани денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР. Во соопштението се наведува дека комбињата се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во […]

Директорот на Транспортната заедница и министерот Бочварски на увид на пругата кон Бугарија


  Со огромна поддршка од Транспортната заедница, со соседите Албанија и Бугарија, како и Италија, успеавме овој Коридор 8 да го ставиме на главната мапа на европски коридорди и токму поради тоа огромно е значењето овој европски коридор да биде доизграден, како на железничката оска, така и на патната мрежа, истакна министерот за транспорт и […]

Реорганизација на Клинички центар до крај на мај или почеток на јуни


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити велат дека укинувањето на организациските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и тамошната реорганизација ќе остане за по изборите во мај. Во одговор на новинарско прашање Ковачевски денеска посочи дека процесот е почнат уште одамна, но биле спречени да го завршат поради, како што рече, повеќето […]

Со нова опрема во МАНУ, резултати од истражувања готови за еден ден


 Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов” доби нова опрема вредна над 580 илјади евра. Со употреба на опремата и со поддршка на Фондот за здравствено осигурување, им се излегува пресрет на барањата на клиниките и на Академијата, со што од буџетот ќе се покриваат и две нови анализи за пациенти со ретки […]

Меџити: Утре на владина седница ќе го покренам прашањето за договорите на дело во здравството


Министерот за здравство Фатмир Меџити најавува дека утре на владина седница ќе го покрене прашањето за лицата вработени со договор на дело во здрaвството.   Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ, министерот рече дека веќе шест-седум месеци за тоа разговара со министерот за финансии. – Оттука ќе упатам […]

Зимава ќе ни биде снежна бајка


Очекуваме една многу поразлична зима за разлика од изминатите години, што значи оваа година зимата ќе ни биде многу посилна и богата со врнежи (ќе има и дожд и снег, како и чести снежни бајки), вели метереологот Славчо Попоски. Повремено поради силниот продор на поларниот вртлог над нашите краишта, се очекуваат и екстремно ниски температури […]

Спасовски: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство


Министерот за внатрешни работи Оливер Споасовски, не одговара повеќе на прашања поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а новинарите ги упатува прашањата да ги постават на Основното јавно обвинителство кое ја води истрагата. Сепак, денеска при посетата на СВР Куманово, рече дека во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои […]

Изјави на премиерот Ковачевски и министрите Меџити и Шаќири (видео)


Изјави на премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука Јетон Шаќири присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.  

Манолева: За шест години 1.300 специјализации и 500 супспецијализации


Владата во изминатиот период многу вложуваше во здравствените работници и во тоа што значи вработување на здравствени работници, но истовремено и со упатување на здравствените работници на соодветна едукација, односно специјализација, порача денеска заменик министерката за здравство, Маја Манолева. -За периодот од 2017 до 2023 година на специјализација вкупно се упатени 1.300 наши лекари, дополнително […]

Шукова: Најдоцна до јануари ќе биде распишан тендерот за изградба на централна депонија во Свети Николе


Во финална фаза е подготовката на тендерското досие за изградба на централна депонија во Свети Николе и претоварните станици за истокот и североистокот, потврди денеска министерката за животна средина и просторно планирање Kaja Шукова.  – Очекуваме до крајот на годината или најдоцна во јануари да биде распишан тендерот за изградба на централна депонија во Свети […]

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024


Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба […]

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во развојот на државата


Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на дигитални вештини и безбедно пребарување на интернет, се дел од придобивките од набавената ИТ опрема за 40 основни училишта, преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка. Како што соопшти денеска Министерството за образование и […]

Грковска: Без граѓанскиот сектор нема ефикасна борба против корупцијата


  „Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. Ефикасни антикорупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување“, нагласи вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, синоќа на глобалниот […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. […]

Презентација на нова апаратура за генетско испитување во МАНУ


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денес, во 10, 30 часот ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.   Како што соопштија од Владата, на настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот […]