Слаб снег на Попова Шапка и во југозападниот дел од државата


Фото: Б. Грданоски

 Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информира дека сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, а врнежи од слаб снег има и во југозападниот дел од државата.  

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.