Шукова: Преземањето на Попова Шапка од италијанскиот инвеститор е процедура која сè уште е во тек


Една година по изборот на стратешки инвеститор за Попова Шапка сè уште траат процедурите за одобрување на преземањето на ски-центарот од страна на италијанската компанија, информираше денес од Тетово, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа цени дека процедурите одат во добар правец овој проект кој лани во ноември го најави нејзиниот […]

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен, но откако експертите ќе ги кажат безбедните насоки


Појасна слика за тоа што ќе се случува со автопатот Кичево-Охрид, чија изградба трае со години, ќе има откако експерт ќе изготви извештај, а потоа ќе биде доставен до ЈП за државни патишта и до Владата.  – Не е запрена изградбата на автопатот Кичево-Охрид, тој ќе биде завршен, а експертскиот извештај ќе ги покаже идните […]

Спасовски: Проектот Safe City ќе се проширува и во другите градови и автопатите низ државата


И во другите поголеми градови ќе се прошири проектот „Safe city“, најави денеска од Штип, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Во овој момент имаме во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес за надградба на целиот овој систем, кој ќе ги вклучува и автопатите низ државата, а ќе се вклучи електронско утврдување […]

На некогашните простории на тетовската библиотека ќе се смести Европската куќа


 Не е точно дека се помали просториите во кои е сместена НУ Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. Напротив, установата има и помошни простории на следниот кат во Центарот за култура. Во просторот каде што беше библиотеката сега ќе се смести Европската куќа и тоа ќе помогне за збогатувањето на културниот живот, изјави министерката за култура […]

Бобо Дајнерс е бадничарски кум за 2024


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје го претстави кумот и здравичарот за 32-та бадникова средба која ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје. Оваа година бадникарската функција кум ја има сопственикот на компанијата Динерс клуб, Божидар Јанковски, кој ќе го понесе […]

Судскиот совет по трет пат ќе објави оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии


 Судскиот совет на денешната седница соопшти дека и на вториот оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии не се пријавил никој и повторно донесе одлука за објавување на нов оглас за избор на член од Врховниот суд на Република Северна Македонија. Членот Селим Адеми, на денешната седница нагласи дека не […]

МРП вакцината не е причина за аутизам – имунизацијата спасува животи


Најдобро е вакцините да се примаат навремено, според календарот за имунизација, но и ако се одложи некоја вакцина, може да се стави подоцна. Важно е децата да бидат имунизирани, за да не се соочуваме со епидемии од болести кои треба да се сметаат за изчезнати или болести кои се јавувале и земале жртви пред да […]

Граѓаните имаат најмала доверба во Собранието и Обвинителството, најголема во Армијата


Според Институтот за комуникациски студии кој го мери индексот на активна транспарентност, Владата во 2016 година имала 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска во своето обраќање на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата […]

До петок променливо време со повремен дожд, за викендот снег и заладување


 Во среда по одделни котлини ќе има појава на магла и дневните температури таму ќе се задржат пониски, соопшти УХМР. Во четврток времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат […]

Општина Центар новогодишно украсена


Општина Центар го заврши новогодишното украсување годинава со поставување на новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси на повеќе локации во општината. Од Општина Центар соопштуваат дека украсувањето започна од улицата „Орце Николов“, па продолжи кон улиците „Боемска“ 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни […]

Почина Симон Илиевски, еден од доајените на охридското новинарство


По кратко боледување на 66 години денеска почина новинарот од Охрид, Симон Илиевски. Илиевски беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна професионална кариера, со препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и телевизиски прилози, документарни и и други емисии. Со новинарство […]

Со пари од државниот буџет ќе се уредува запуштениот влез во Битола


  БИТОЛА – Обезбедени се средства за изградба на влезот на Битола од страната на Прилеп, кој со децении наназад е грда слика за градот. Главната ставка за изградба на пристоен, нормален и сообраќајно уреден  влез во Битола се обезбедува од буџетот на државата за 2024 година, а една третина од сумата ќе биде на […]

Најстудено во Лазарополе, најмногу снег на Попова Шапка


Во Лазарополе утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Виница, три степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус два степени се измерени во Берово, минус еден во Битола и Крива Паланка, нула степени во Скопје – Петровец, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Струмица, еден во Претор, Дебар, Штип, Демир Капија, Гевгелија, […]

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност


Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ. Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници […]

Исчистено околу Скопскиот aквадукт


Околу 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад се подигнати и транспортирани минатата недела околу Скопскиот аквадукт. Како што информира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт. При отстранувањето на дивите депонии околу Скопскиот […]

Не се пропаднати шансите да се изградат велосипедските патеки во Битола


  БИТОЛА – До почетокот на градежната сезона, пролетта 2024 година, има простор мнозинството во битолскиот Совет да прифати да се направат велопатеките во Битола со европски пари, во спротивно, проектот ќе пропадне, а со тоа и 400 илјади евра пари што Европската делегација ги дава за ваквата инфраструктура во должина од над 5 километри. […]

Претпладне слаб локален дожд и магла, во текот на денот сончево со мала облачност


Времето претпладне во западните и источните делови ќе биде со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 12 декември  2023 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 19 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минута, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 6 […]

Нема да го потпишам Законот за игри на среќа, доколку се злоупотребува европското знаменце, вели Пендаровски


Во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Националниот сервис, претседателот Стево Пендаровски даде коментар за Законот за игри на среќа, истакнувајќи дека деновиве до него доаѓаат информации дека наводно во парламентарна процедура е овој закон повторно со европско знаменце. -Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско […]

Арсовска: Новогодишното украсување е почнато – Скопје ќе блесне на 15 декември


По серијата текстови во медиумите, попладнево се огласија од Град Скопје, од каде уверуваат дека Скопје ќе биде новогодишно украсен, за многу помалку пари од претходните години, а дека и украсувањето е почнато.    – Не ја разбирамe потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските […]