Шаќири: Да се поништи кое било звање со кое не се почитувани одредбите од Законот за високо образование


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање, денеска ги повика Просветниот инспекторат и комисиите, но и ако има надлежност и Министерството, Секторот за високо образование, веднаш да ги преземат сите мерки за да се поништи кое било звање што не ги почитува одредбите на Законот за високо образование. Тој беше прашан […]

Шаќири ќе бара дозвола од родители за да се отвори нова паралелка на македонски јазик во Јаболчиште


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска рече дека не прифаќа деца да патуваат за да учат во друга општина. На состанокот со Советот на родители од општина Чашка, тој дал предлог, ако тие сакаат, да се отвори нова паралелка на македонски јазик во Јаболчиште. – Без разлика што таму поголемиот процент деца се […]

До крајот на годината се очекува нов колективен договор за вработените во одбраната и Армијата


До крајот на годината да биде потпишан нов колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во одбраната и Армијата, се согласиле на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и претставници на Независниот синдикат на одбраната. Од Министерството за одбрана соопштија дека ова е продолжение на успешната соработка на министерката со синдикатите […]

(Видео) Јавна дебата за Нацрт-закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи


Министерството за правда денеска во Клуб на пратеници во Скопје организира јавна дебата за Нацрт-закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. – Нацрт-законот содржи одредби за транспонирање на ЕУ Директивата 2019/1937 и надминување на идентификуваните недостатоци во Законот за заштита на укажувачи, соопштија од Министерството за правда. 

Од утре дожд, снег и ветер


Во четврток попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. До сабота ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на […]

Донација од УЈП за Домот за доенчиња и мали деца-Битола


Во рамки на програмата за одбележување на „Св. Матеј“ – Ден на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска додели донација во Дом за доенчиња и мали деца-Битола. Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска. -Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници […]

Спасовски: МВР анализира информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче


Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостување денеска во емисијата […]

Пендаровски вчера испратил порака до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски


Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.  Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните […]

Се продава шума и градежно земјиште на Сашо Мијалков за 2 милиони евра


Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Станува збор за градежно неизградено земјиште […]

Новогодишна елка на желби во „Рамстор мол“


Традиционално, по 15-ти пат „Рамстор мол“ во соработка со „Црвен крст“ на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства. “Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки и радост кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни. […]

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава


Во земјава во октомври годинава се евидентирани 94 165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187 272, од кои 36.7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи. Во периодот […]

Без струја корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел


 Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел.  Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Загребска“ и околу црква Св. Јован Крстител во општина Центар.  Без струја во периодот од 11.00 до […]

Ненад Георгиевски и Мијалче Иванов добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


Ненад Георгиевски  и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023  година,  за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на  Северна Македонија.   Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на  новинарот и публицист  Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во […]

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој наместа ќе засилува, соопштија од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 13 декември  2023 година, 347-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 18 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 7 […]

Реконструкција на кров и поставување фотоволтаици на штипското медицинско училиште


Почна реконструкција на кровот на штипското средно медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“, а во наредна фаза е поставување фотоволтаични панели. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов при денешниот увид во градежните работи истакна дека со инвестиција вредна над пет милиони денари се работи на заштеда на електрична енергија. Фотоволтаици веќе се поставени на кровот на […]

Ќе се инвестираат 40 милиони денари за реконструкција на сите пет мостови на Крива Река


Општина Крива Паланка со одобрените 26.6 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија со последниот ребаланс на буџетот, ќе реконструира уште три мостови на Крива Река. Со претходно претходно одобрените финансии преку ТАВ програмата ќе се изврши реконструкција на сите пет постојни градски мостови. -Општина Крива Паланка повторно добива голема поддршка од Владата, одобрени […]

Собранието отвара ТВ студио


Во рамки на Програмата за Собраниска Поддршка, финансиски помогнат од Националниот  демократски институт и Швајцарската агенција за развој се реализираше опремувањето на Собраниското ТВ студио. Со цел да се означи официјалниот почеток на работата на ТВ студиото, на 13 декември 2023 година во  13:45 часот  во Собранието на Република Северна Македонија раководството на Собранието предводено […]

Забавата започна со кампањата „Празнично дарување“


 Државна лотарија го наградува рекордниот интерес за учество во игрите на среќа на својата нова интерент-платформа www.megawin.mk со кампањата „Празнично дарување“, којашто веќе започна и побуди голем интерес. Покрај забавните видови игри за љубителите на видеолотарија и спортско обложување, Државна лотарија предвиде подароци за играчите, а посебно и за секој новорегистриран играч на www.megawin.mk. Забавата започна, […]

Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на „Златно славејче“ за помош во лекувањето на Леонид Индов во „Рамстор мол“


„Рамстор мол“ и Општина Центар заедно со децата од основните училишта во Центар и „Златно Славејче“ организираат хуманитарна изложба и концерт за помош во лекувањето на Леонид Индов. Ве повикуваме на 13ти Декември во 18:30 часот во „Рамстор мол“, да му помогнеме на Лео да ги собере потребните средства и да ги надмине предизвиците.