Запленети повеќе од 30.000 артефакти низ Европа
Повеќе од 30.000 артефакти, меѓу кои и грчка и римска керамика, шлемови, погребни урни, ламби, стрели и копја запленети се во рамките на најновата операција насочена против трговијата со културни добра во Европа, соопшти денеска Европол. Во соопштението се наведува дека помеѓу запленетите артефакти има и оригинали и фалсификати. Артефактите се запленети во рамките на …