Од Ковид-19 почина поетесата Катерина Грозданова


Поетесата Катерина Аџи Грозданова ја изгуби битката со корона вирусот, а веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот сопруг, театарскиот критичар Борче Грозданов, син на легендарниот актер Мите Грозданов. -Кети тргна кон патот на светлината и царството небесно. Господи отвори и го тој пат и прими ја при себе – објави Грозданов. Катерина е позната […]

Синоличка Трпкова: Ова е време на ножеви, од зад грб


Познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова ја промовира првата прозна книга насловена „Никогаш не кажувам“. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, се одржа во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. „Никогаш не кажувам“ е куса проза со есеистички поттекст. Нејзината организација во пет одделни циклуси и воведна, програмска приказна со […]

Промоција на „Скопски есеи“ од Лужина за Денот на ослободувањето на Скопје


Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, утре (13 ноември, сабота), во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“ во чие издание е книгата. […]

МОТ во МКЦ- 26 претстави на 6 сцени во ноември и во декември


МКЦ го најавува 46-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, во два блока – од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември изведби во живо односно целосно физичко издание на фестивалот со програма од 26 внимателно селектирани претстави. „Ова издание на МОТ е особен предизвик бидејќи се обидуваме да го зачуваме […]

Објавен превод на „Како зрно песок“ од италијанскиот драмски автор и режисер Масимо Барила


Македонскиот центар ИТИ/Продукција објави превод на македонски на драмскиот текст „Како зрно песок“ на италијанскиот драмски автор и театарски режисер Масимо Барила. Преводот од италијански е на Кристина Пешева-Диновска и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија. Како што наведува издавачот, „Како зрно песок“ е трогателна драма напишана на сицилијански дијалект; според вистински […]

Заврши аплицирањето за годишната програма за култура за 2022 година


Денеска во 12 часот заврши рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Министерството за култура од годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. За да им се излезе во пресрет на корисниците, поради новиот начин на аплицирање што отвори нови прашања, Министерството го продолжи рокот […]

Љубинка Донева ja доби наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ


Признанието „Даница Ручигај“ што Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) го доделува за книга поезија објавена во тековната календарска година од поетеса-членка на асоцијацијата, годинава ѝ се доделува на Љубинка Донева за стихозбирката „Сезона на пелинот“. – Поезијата на Донева е сугестивна, згусната во поетските слики и претстави и е куса по форма… Пелинот е […]

Словенечкото трио „Широм“ и Бразилците Динучи и Марсал вечер на ОФФест


На јубилејниот ОФФест вечер ќе настапат словенечкото трио „Широм“ и бразилскиот гитарист и композитор Кико Динучи и неговата специјална гостинка, пејачката Јусара Марсал. Тие пред скопската публика, ќе ги претстават своите актуелни музички проекти на кои работеа последниве неколку години.   Словенечката инструментална тројка ШИРОМ, наведуваат организаторите Скопје Џез Фестивал (СЈФ), отсекогаш трагала по својот […]

„Ко-екзистенција, со-чувство“ – заедничка изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос во Солун


Во галеријата Лола Николау во Солун од денеска до 9 декември ќе биде поставена изложбата „Ко-екзистенција, со-чувство“ на уметниците Мице Јанкуловски од Северна Македонија и Јоргос Ксенос од Грција. Куратор на изложбата е проф. Манос Стефанидис. – Никогаш не ми ни паднало на памет да пишувам предговор за уметничка изложба и да почнам не со […]

Пијанистката Јеол Еум Сон од Јужна Кореја на концертот „Фрески“ во Филхармонија


Со оркестарот на Филхармонија вечер ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја. Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 и „Танцот на смртта“ […]

Синоличка Трпкова ќе ја промовира својата прва прозна книга, „Никогаш не кажувам“


Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, ќе биде промовиран вечерва во 19 часот во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. – „Никогаш не кажувам“ е куса проза […]

Одбележување на 200-годишнината од раѓањето на Достоевски


Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Рускиот центар при Универзитетот „Кирил и Методиј“ од денеска до 16 овој месец организираат низа настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19-от век – Фјодор Михајлович Достоевски. Одбележувањето на јубилејот започнува денес со промоција на збирката студентски преводи […]

Денови на македонска култура во Будимпешта – Чествување на 100 години од раѓањето на Блаже Конески


Во Институтот за славистика и балтичка филологија во Будимпешта се одржа промоција на зборникот „A macedón nyelvről“, однсоно „За македонскиот јазик“ од Блаже Конески. Како што информираат организаторите, книгата претставува избор од научни текстови од Конески, кои се однесуваат на македонскиот јазик и неговата стандардизација, а додадена е и статијата „Неколку зборови за македонскиот литературен […]

Праизведба на „Птица со главата меѓу нозе“ во Драмски


Во Драмски театар Скопје вечерва ќе се одигра праизведбата на претставата „Птица со главата меѓу нозе“, чиј текст и режија се на Коле Ангеловски, кој со оваа претстава ја одбележува неговата 60 годишна творечка активност. Овој театар, вчера  гостуваше во Сараево на  Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“, […]

„Ко + егзистенција, со + чувство“ – изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос во Солун


Од утре до 9 декември годинава во галеријата „Лола Николау“ во Солун ќе биде поставена изложбата „Ко-егзистенција, со + чувство“ на уметниците Мицко Мице Јанкуловски од нашата земја и Јоргос Ксенос од Грција. Куратор на изложбата е Манос Стефанидис.   – Мислам дека никогаш не ми ни паднало на памет да пишувам предговор за уметничка […]

Студенти преведоа помалку познати текстови од Достоевски – достапни се онлајн


Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и Рускиот центар при УКИМ во периодот од 11 до 16 ноември организираат ред настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19 век – Фјодор Михајлович Достоевски. Од Рускиот центар при УКИМ соопштија дека одбележувањето на јубилејот ќе […]

Експертски разговори во МСУ во рамки на Европското номадско биенале „Манифеста 14“


Во Музејот на современата уметност  Скопје вечер од 19 часот ќе почне првиот од серијата експертски разговори, во рамките на Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста14, проект во Западен Балкан, насловен „Експертски дискусии – Општествено ангажирана уметност во новата реалност“. – Иако седиштето на ова издание на „Манифеста“ е лоцирано во Приштина, биненалето […]

Недела на шпански филм во Кинотека


Со проекција на документарниот филм „Омега“ денеска во Кинотеката почнува Неделата на шпански филм. На програмата се седум остварувања во кои доминираат семејните теми прекршени низ призмата на социјалните и општествено-политичките прилики, но и портрети на „малите“ луѓе врамени во големата историска слика. Публиката ќе може да ги гледа „Духот на пчелната кошница“ од Виктор […]

Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Конески


Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 30 години независност на државата, ќе се одржи денеска, со почеток во 19:30 часот во Институтот за македонски јазик во Скопје, информира компанијата „Инфомедиа системи“, која е организатор на настанот. Поетското читање е насловено „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна“, во […]

„50 години македонски анимиран филм“-изложби, проекции, промоции


Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва ќе биде местото каде ќе се одбележи настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се […]