Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен добива нов покрив, вели Стефоска


Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен и Домот на култура „Драги Тозија“, добива целосно нов покрив. Во тек е реконструкцијата која се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу два милиони денари. -Со ова […]

„Готен“ го објави наградуваниот роман „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак


Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Циганин, ама најубавиот“ од хрватскиот писател Кристијан Новак. Станува збор за роман кој е еден од најнаградуваните хрватски романи во последните години, добитник на најрелеватните награди за проза во Хрватска, наградата „Т портал“, „Ксавер Шандор Галски“ и „Фран Галовиќ“. „Циганин, ама најубавиот“ е роман кој може да се чита […]

Почнува вториот циклус студии на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“


Неделава, за прв пат започнува со работа високообразовната програма од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во просториите кои овој универзитет ги има во Домот на Армијата Скопје. Програмите од втор циклус студии се на англиски јазик, со цел да се привлечат, покрај домашните и странски студенти. Во програмите, […]

Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево


НУ Драмски театар Скопје денеска гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценските движења се на Олга Панго, костимограф е Раде Василев, композитор е Горан Трајковски, а фотографии и […]

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“


Дваесеттото издание на „OFFest“ започнува денеска, а ќе трае до 13 ноември. Како што информираат од Скопскиот џез фестивал, сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и […]

Изложба на дела од две сесии на Ликовната колонија Галичник


Во Националната галерија, објект Мала станица, вечер во 19 часот ќе биде отворена биенална изложба со дела од 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник.  Двете сесии го третираа проблемот на екологијата, заштитата на животната средина и враќање на загубената врска со природата. Најголем дел од делата се изработени во нови медиуми, како видеа, […]

Стота изведба на „Вардарски пастуви“ во Театар „Комедија“


Хит-претставата „Вардарски пастуви“ на 12 ноември ќе ја има својата стота изведба во Театар Комедија. Ова е втора претстава на театарот што има 100 изведби, по „Стјуардеси“. „Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега ќе ја прославиме и стотата изведба на ‘Вардарски пастуви’, претстава чија премиера беше на 8 март 2016 година“, велат од […]

„Никогаш не кажувам“- Синоличка Трпкова со прва прозна книга


Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, ќе биде промовиран на 11 ноември (четврток), во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Никогаш не кажувам“ е […]

Нова необична книга за деца: Што има во шапката на волшебникот?


Во книжарниците на ТРИ книга по книга се комплетира едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ чија едногласна идеја за квалитетна литература ги освојува читателите. Со „Шапката на Волшебникот“ од Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ, литературата за деца се збогатува со уште едно, култно светско дело. Туве Јансон е […]

Пијанистката Јеол Еум Сон од Јужна Кореја со концерт во Филхармонија


В четврток во 20 часот, со оркестарот на Филхармонија ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја. Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 […]

Арбен Тачи доби награда за најдобар дебитантски режисер на Фестивал во Монтреал


Режисерот Арбен Тачи ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер за филмот „Исчезнатиот” на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада. Ова е втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија. Инаку, филмот „Исчезнатиот“ […]

Перипетија продукција реализира уште еден меѓународен проект


На театарскиот фестивал „Квартиере дел арте“ во Витербо, Италија, денеска премиерно ќе биде прикажан првиот дел од серијата кратки перформанси во рамките на театарскиот колаж „Амор Вичит“ работен според две микродрами на италијанските автори Фабио Марсон и Рикардо Табилио. Проектот го обработува животот и делото на италијанскиот барокен сликар Чеко дел Караваџо кој се смета за […]

Почнува Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“ – Скопје


Првото издание на Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“ Скопје почнува вечер во 19 часот. Под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ во текот на неколку месеци ќе се одржат десетина настани – поетски читања, преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори. Вечерашниот настан со кој започнува фестивалот „Екс Либрис“ – Скопје […]

Втора сесија на „Филмска училница“ во Кинотека: Филмот како наставно средство


Во Кинотека се одржа втората сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“. Едукативниот проект е поддржан од Министерството за култура, а вклучува десетина средношколци кои низ различни едукативни содржини и интерактивно-креативно учење во период од десет недели се запознаваат со националното аудио-визуелно културно наследство. Како што соопшти Кинотека, учесниците под менторство на филмската и […]

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип


Во Домот на млади во Штип денеска премиерно ќе биде изведена  театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски. „Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица […]

„Птица со глава меѓу нозе“- нова комедија на Коле Ангеловски во Драмски


„Птица со глава меѓу нозе“ е насловена новата претстава на Коле Ангеловски, која ќе биде прекажана во Драмскиот театар на 10 овој месец. Насловот е доста сиболичен, објаснува Ангелковски, бидејќи птицата е слободна да лета каде сака, но не и кога главата и е ставена меѓу нозе. Станува збор за чудна комедија со среќен крај. […]

Како да развиваме филмски туризам- Македонија на листата на топ-локации во Европа


Вчера беше одржан првиот, од серијата на три оnline настани насловени како Продукциски вредности: Туризмот низ објектив, во реализација на ОХО, а поддржани од Град Скопје. Како релативно нова дисциплина во туризмот, т.н екран-туризам останува неистражен и неексплоатиран во Македонија и регионот. Главниот град и неговите природни околини, а и атрактивни предели низ државата имаат […]

„Кец на десетка“ во МНТ- 50. јубилејна изведба на најгледаната комедија


На сцената во Македонскиот народен театар на 17 ноември со почеток во 20:00 часот ќе се одигра 50. јубилејна изведба на претставата „Кец на десетка“, комедијата која со спонтан хумор брзо ја освојува публиката.   „Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, сите овие изминати години, […]

Недела на шпански филм во Кинотека


Во октомври 2009 година Кинотеката го започна првото претставување на шпанската кинематографија во форма на НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ. Изминативе 12 години соработката меѓу Амбасадата на Шпанија во Скопје и Кинотеката на Македонија резултираше со прикажување на десетици филмови и претставување на најрепрезентативните автори на шпанската кинематографија, од класиците Луис Буњуел, Хуан Антонио Бардем, Луис […]

Почнуваат Есенските музички свечености


Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски вечер ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ 2021. Националниот ансамбл „Танец“ повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, […]