„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот насловен „Мастерклас со Лајовиц“, на кој како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски. На програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак. Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц. Лајовиц е роден на […]

Дигитална премиера на театарскиот проект „The PCR song“


Дигиталната премиера на видео театарски проект и краток експериментален филм „The PCR song“ во режија на Иванка Апостолова Баскар и нејзиниот креативен тим – нова продукција на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот. Иванка Апостолова Баскар е креатор, продуцент, режисер, визуелен драматург, а Димитрина Мицкоска е актерот кој ќе […]

Беше духовен татко на македонската опера-промовирана монографијата за маестро Ловро Матачиќ


Маестро Ловро Матачиќ се издвојува како значајна фигура во македонската културно музичка историја. Тој донесе прогрес и го мотивираше не само оркестарот на македонската Филхармонија за поинакви идеи, туку на многу повисоко ниво го подигна и музичкиот живот во земјава. Ова беа главните пораки на денешната промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од Ана Видиќ која […]

Aплицирањето за годишната програма за култура продолжено до 11 ноември


Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11.11.2021 година, до 12:00 часот. Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на […]

„И јас сум тука“ – преку уметноста можеме да упатиме силни пораки во борбата со предрасудите


Сите херои во книгите „И јас сум тука“ и „Не престанувајте да се гушкате“, се важни. Приказните и поуките што ги испраќаат до сите нас патуваат надвор од Шведска, преку светот стигнаа и во Македонија – рече литературната критичарка Александра Јуруковска синоќа на промоцијата на овие две дела што се одржа во Кинотеката.   За […]

Букеровата награда за 2021 за jужноафриканскиот писател Дејмон Галгат


Јужна Африка- Писателот Дејмон Галгат ( 57) од Јужна Африка е годинашен добитник на престижната Букерова награда, за неговиот роман „Ветувањето“ (The Promise). Галгат по третпат беше номиниран за книжевната награда, по 2003 и 2010. Наградата во вредност од 50 илјади фунти ја доби на синоќешната свеченост. „Ветувањето“ е негова деветта книга и е за […]

Промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од Ана Видиќ


Во фоајето на Националната опера и балет денеска ќе се одржи промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од авторката и музикологот Ана Видиќ. Издавач на книгата е Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“ од Загреб. Како што соопштија од Националната опера и балет, промотори на книгата ќе бидат музикологот Јулијана Папазова и генералниот секретар на Фондацијата „Ловро […]

Предавање на Мојсова-Чепишевска за Конески на Универзитетот во Загреб 


Дали во тихата и строга реч на Блаже Конески не треба да ја препознаваме авангардната поетика на нулта точката која е светотворна и културотворна со верба кон вистинскиот свет – кон оригиналот? Дали синтагмата проста и строга песна е нулта точка на македонската култура? Ова се дел од прашањата коишто вчера ги отвори директорката на […]

Библиотеката „Ал-Би“ од Бабино издаде етнолошки каталог


Надалеку познатата библиотека „Ал-Би“ во селото Бабино, Демир Хисар, неодамна издаде етнолошки каталог во кој е претставена збирката на етнолошки експонати. Во оваа библиотека има околу 20 илјади книги, меѓу кои се наоѓаат и исклучително ретки изданија, а како дополнение се изложени и многу етнолошки предмети кои ја одразуваат посебноста на демирхисарскиот крај, неговата историја, […]

„Танец“ и Влатко Стефановски ги отвораат 22. „Есенски музички свечености“


Со концертот на „Танец“ и на Влатко Стефановски во салонот на Националната опера и балет задутре, 5 ноември, почнува 22. издание на традиционалниот фестивал „Есенски музички свечености“. Годинашното издание ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика, но и две промоции на книги, кои се исто така поврзани со музиката. Директорот на […]

Изложба на илустрации за книгата „Блаже Конески – поезија и кратка“


Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ задутре (5 ноември), ќе се отвори изложба на илустрации за јубилејната книга „Блаже Конески – поезија и кратка проза“. Со реализацијата на оваа изложба, ФЛУ се приклучува кон чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.   Како […]

Јубилејното 20. издание на ОФФест со звуците на фадо, самба… и „Пијан славеј“ на Николов


Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи дваесеттото издание на ОФФест. Како што најавија од Скопскиот џез фестивал, планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. -Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина […]

„И јас сум тука“- промоција на книга и изложба на фотопортрети на лица со интелектуална попреченост


 „И јас сум тука“ е насловот на книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост чија промоција ќе се одржи вечер во Кинотеката. Подоцна, ќе се одржи и промоција на македонскиот превод на книгата со цитати од актерите на „Глада Худик“ – „Никогаш не престанувајте да се гушкате“. Како што соопштија од […]

Премиера на „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ во МКЦ


Во Младинскиот кулурен центар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада. Во претставата настапуваат Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и музички изведувач и автор на музиката.  Останатиот тим го сочинуваат: Ивана Балабанова – асистент на режисерот, Павел Маслов – костими, […]

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури


Во галеријата „Остен“ во Скопје денеска ќе биде отворена 53-та светска галерија на карикатури, при што посетителите ќе можат да ги погледнат номинираните и наградени карикатури во рамки на проектот „ЕУ – Работа во тек“ организиран од Гете-институт Скопје. Од тимот на Гете-институт најавија дека на изложбата ќе бидат изложени карикатури од 32 селектирани и наградени карикатуристи. На наградените […]

„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“- нова самостојна изложба на Љупчо Бојаров во КИЦ-Скопје


Нова самостојна изложба на академскиот уметник Љупчо Бојаров насловена  „ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во Културно – информативниот центар во Скопје. На оваа 23-та самостојна изложба на Бојаров ќе бидат преставени 30 дела изработени во повеќе материјали како дрво, стакло, епоксидна смола и бакарна жица. Делата […]

Јубилејна изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“


Во Националната галерија, објект Чифте амам вечер ќе биде отворена јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“. На изложбата ќе бидат претставени 50-тина дела, икони и слики од сите творечки фази на авторот. Тие се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите „Св. Пантелејмон“, „Св.Спас“, „Св. Димитрија“ и „Успение […]

Министерство за култура: Рокот за аплицирање на Годишните конкурси истекува в сабота напладне


Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Потсетуваме дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември (сабота), во 12:00 ч. напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори. Годишните конкурси беа објавени на […]

Балетот „Жизел“ е магичен и со костимите на Ношпал-Утре нова претстава во НОБ


Балетот како една од најубавите уметности претставува симбол на единство на телото, разумот и срцето. Потребен е огромен труд, посветеност, дисциплина…  Но во секоја професија тоа е неопходно за високи цели. Визуелен празник за сите сетила беше во саботата обновената по 22 години балетска премиера „Жизел“  на сцената на Националната опера и балет во Скопје. […]

Во Осло отворен огромен музеј на само еден уметник – Мунк


Зградата од 13 спрата е споритивна на сите музеи – таа ги претставува галериите со експонати вертикално а не хоризонтално   Колку е прикладна таа зграда посветена на животот и делото на Едвард Мунк што може да ве натера да посакате да врескате. Мега музејот на измачениот норвешки уметник вреден 276 милиони евра стои како […]