Буџетот за поддршка на проекти во културата за годинава е 12,5 милиони евра, евидентирани 3 355 релевантни пријави


Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Аплицирањето за годишните конкурси за финансирање проекти, како што посочи министерката, за првпат се спроведе на националниот портал за е-услуги и за првпат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат …

Буџетот за поддршка на проекти во културата за годинава е 12,5 милиони евра, евидентирани 3 355 релевантни пријави Read More »

(Видео) Министерката Костадиновска-Стојчевска за финансираните проекти


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи прес-конференција на  која ќе информира за резултатите од „Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година“.  

Багери оштетија предисториска населба стара 8.400 години


Оштетувањата се направени за време на подготовките на теренот за експлоатација на јаглен. Уништени се дел од предисториските ровови и градби. Археолозите апелираат да престане уништувањето на локалитетот. Линк до целиот текст тука

Изведба на операта „Севилскиот бербер“ во НOБ


Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини под диригентство на Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска. Изведувачката екипа, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет, ја сочинуваат: Васко Здравков (Фигаро), Билјана Јосифов (Розина), Благој Нацоски …

Изведба на операта „Севилскиот бербер“ во НOБ Read More »

Промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов


Книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“, прво и второ изменето и дополнето издание, на македонскиот публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, Свето Стаменов денеска беше промовирана, во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, но и 120-годишнината од излегувањето на книгата „За македонцките …

Промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов Read More »

Сергеј Трифуновиќ со лекција по „однесување во театар“ во Риека


Хрватска– Во театарот во Риека, Хрватска, при изведба на претставата „Ѕвезден воз“ на Белградскиот театар, со Воислав Брајовиќ и Сергеј Трифуновиќ во главните улоги, се случил своевиден „несакан настан“ меѓу глумците и публиката, пишува „Вечерњи лист“. Имено, посетители раскажуваат како Трифуновиќ се шетал на сцената, на моменти видно изнервиран, а едно момче го сликало и снимало …

Сергеј Трифуновиќ со лекција по „однесување во театар“ во Риека Read More »

„Вечното танго“ – мултимедијална изложба инспирирана од Пјацола во Скопје


Изложбата со наслов „Вечното танго“ ќе биде отворена на 12 февруари (недела), во 19.30 часот, во галеријата „КО-РА“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Оваа традиционална мултимедијална изложба е инспирирана од делата на Астор Пјацола и од т.н. „златен период на тангото“. – Тангото останува моќна поврзница помеѓу културите, народите, ентитетите, уметностите низ …

„Вечното танго“ – мултимедијална изложба инспирирана од Пјацола во Скопје Read More »

Кино концерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур


Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката. Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Северна Македонија, во чии рамки …

Кино концерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур Read More »

Филхармонија ќе ги донира парите од „Гајрет“ за настраданите во земјотресот во Турција


Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи в четврток (9 февруари) во 20 часот со солисти од Македонија, Турција и Либан , ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција, објави Филхармонија. На концертотот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и …

Филхармонија ќе ги донира парите од „Гајрет“ за настраданите во земјотресот во Турција Read More »

„Нешто слатко“ – словенечки филм со Сашко Коцев и Јелена Јованова со македонска премиера во април


Во Љубљана премиерно беше претставен филмот „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), романтична комедија со македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ во главните улоги. Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната женска улога – Каја, а Сашко Коцев, кој најавува дека комедијата наскоро ќе има можност да ја види …

„Нешто слатко“ – словенечки филм со Сашко Коцев и Јелена Јованова со македонска премиера во април Read More »

Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација


Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо …

Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација Read More »

Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија


Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите пари собрани од продадените билети за месец февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Ова го соопшти директорката на НУЦК „Антон Панов“, Танкица Стојанова, која упати апел да публиката да дојде во театарот и на тој начин да ја искаже …

Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија Read More »

Почина Бранка Веселиновиќ, најстарата актерка во светот


  Бранка Веселиновиќ не напушти на 105 години. Во текот на нејзината кариера глумела во повеќе од 100 претстави во театарот и повеќе од 50 телевизиски серии и филмови. Таа беше најстарата жива актерка во светот, добитничка на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа. Родена е далечната 1918 година во Нови …

Почина Бранка Веселиновиќ, најстарата актерка во светот Read More »

„Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“ : Нови преводи на пораката на Горан Стефановски


– „Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, …

„Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“ : Нови преводи на пораката на Горан Стефановски Read More »

Македонската балерина Гаштарска меѓу најдобрите осум според „Форбс“


Русија- Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија. Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски …

Македонската балерина Гаштарска меѓу најдобрите осум според „Форбс“ Read More »

Турски театар ќе ги донира парите од претставата „Бела фигура“ за настраданите во земјотресот во Турција


НУ Турски Театар на 08.02.2023 г. (среда) во 20.00 часот ќе ја изведе претставата BELLA FİGURA од Јасмина РЕЗА и во режија на Ирена Стеријовска. „Приходите од билетите на претставата ќе бидат донирани за населението погодено  од земјотресот во Турција. Сега е момент кога треба да ја покажеме нашата благородност,  хуманост и солидарност“, велат оттаму. Автор:  Јасмина Реза Режија: …

Турски театар ќе ги донира парите од претставата „Бела фигура“ за настраданите во земјотресот во Турција Read More »

Ново дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов


 Во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и 120-годишнината од излегувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков, утре  во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе биде одржана промоција на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ (прво и второ …

Ново дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов Read More »

НОБ со балетот „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив


Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.   На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, …

НОБ со балетот „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив Read More »

Денови на канадската литература


Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.   Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени …

Денови на канадската литература Read More »

Салман Ружди за „Њујоркер“: Среќен сум што преживеав


САД- Благодарен сум и среќен што го преживеав нападот, вели славниот ирански писател Салман Ружди во првото интервју по нападот на 12 август лани во Њујорк, кога на сцена за време на предавање беше прободен од еден маж. Денеска излезе неговиот нов роман „Градот на победата“ , а Ружди на Твитер ја објави првата фотографија …

Салман Ружди за „Њујоркер“: Среќен сум што преживеав Read More »