„Лидија од Македонија“ во Национална опера и балет


Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат […]

Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија


 Актерот Никола Ристановски од Северна Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ кој се отвара утре, јави дописникот на МИА од Белград. Покрај Риставновски, наградата „Александар Лифка“ ја добиваат и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и […]

Во Стоби се одржува 11-та меѓународна Школа за археологија


Во археолошкиот локалитет Стоби во тек е 11-та меѓународна Школа за археологија која започна на 24 јуни и ќе трае до 22 јули. Оваа година, археолошките истражувања се одвиваат со учество на 19 студенти и волонтери од САД, Канада и Кина Проектот е почнат уште во 2010 година како дел од соработката меѓу Националната установа […]

Зошто изложбата „Супстрати“ во Париз е важна за „Отворен Балкан“?


Познатата кураторка Клаудија Паецолд и славната група уметници, Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели, внесоа нов живот во заедничкото културно ткиво на балканскиот регион преку нивната револуционерна изложба „Супстрати“. Домаќин беше Културниот центар на Србија во Париз, а оваа експресивна турнеја го имаше своето големо деби вчеравечер, привлекувајќи го вниманието на јавните личности, дипломатските […]

Стоечки овации за маестро Станисављевиќ и Нишкиот симфониски оркестар на „Охридско лето“


Во извонредниот амбиент на црквата „Света Софија“ вчеравечер музичката програма на „Охридско лето“ продолжи со концерт на Нишкиот симфониски оркестар од Србија кој настапи под диригентство на маестро Зоран Станисављевиќ. Публиката имаше прекрасна вечер со модерниот репертоар на уметниците од овој состав кој постои веќе 70 години, а потврда за тоа беа бројните аплаузи и […]

Омаж за Милан Кундера: Неподнослива леснотија на пишувањето


Почина Милан Кундера, француски писател со чешко потекло, чиј стил и теми, како што објави Ројтерс, лебдат меѓу секојдневниот живот и возвишениот свет на идеи. Во време кога зборовите како „славен“ и слично се користат лесно, зборот „познат“ се подразбира со името на Милан Кундера, бидејќи тој бил и ќе остане токму таков благодарение на […]

Ново издание на „Медеја“ од Еврипид во издание на „Три“


Еврипид, последниот од големата тројка антички трагичари, останува еден од највосхитувачките драматурзи на сите времиња, заедно со Ајсхил и Софокле. Затоа, неговите дела заслужуваат квалитетни изданија и достапност до читателите. Препевот од старогрчки јазик го направи Валериј Софрониевски, истакнат преведувач, доктор по класични студии и професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. […]

Американска вечер на „Охридско лето“ со монодрамата „Бикот на Фаларис“


Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи Американска вечер со монодрамата „Бикот на Фаларис : Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет“, напишана и изведена од Стивен Фридман. Монодрамата ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ во 21 часот. Една од најубаво прикажаните филозофски лекции на која е добро да […]

Костадиновска-Стојчевска од Париз: Уметноста преку „Отворен Балкан“ нè зближува со Европа (галерија)


Синоќа во Културниот центар на Србија во Париз, во присуство на многубројна публика од јавниот живот и од дипломатскиот кор, највисоките претставници од амбасадите на Северна Македонија, Албанија и на Србија, на уметници, беше отворена изложбата „Супстрати“ – заеднички проект на иницијативата „Отворен Балкан“. На изложбата, која е под покровителство на министерствата за култура на […]

Томислав Османли добитник на кинеска книжевна награда


Томислав Османли за српското издание на романот „Брод. Конзархија”  е еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс „Zheng Nian Cup” 2023 распишан од Музејот на литературата за свесност во Пекинг. Српското издание на „Брод. Конзархија”  е во издание на „Агора“ од Нови Сад и во превод на Сашо Огненовски. Во […]

„М“ на Вардан Тозија го преполни паркот на МКЦ на отворањето на „Синедејс“


Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „М“ на Вардан Тозија, синоќа е отворен 22-от Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS. „Овој филм го посветувам на тие неколку мои луѓе кои прерано заминаа и не дочекаа да ја видат премиерата. Се надевам дека од некаде гледаат и се смешкаат. […]

Вечерва со изложбата „Супстрати“ во Париз се афирмира културната програма на „Отворен Балкан“


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во Париз каде што со министерките за култура на Албанија и на Србија, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, вечер, во 18:30 часот, во Културниот центар на Србија  ќе се обрати на отворањето на изложбата „Супстрати“. Изложбата се реализира под покровителство на министерствата за култура на Северна Македонија, на Србија […]

„Враќање кон иднината“ – во Скопје почна со работа најголемата е-книжарница


Под слоганот „враќање кон иднината“, вчеравечер (12 јули), со коктел-забава на терасата на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, беше означен почетокот на работата на најголемата е-книжарница во нашата земја www.literatura.mk. На новиот сајт, кој е повеќе од книжарница, понудени се повеќе од 6.500 книги од 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. […]

На „Охридско лето“ вечер концерт на Нишкиот симфониски оркестар


По синоќешното свечено отворање на „Охридско лето“ со големиот концерт на оперската дива Ангела Георгиу, Фестивалот веќе од денеска продолжува со својата редовна програма, со целовечерен концерт на Симфонискиот оркестар од Ниш во црквата „Света Софија“. Нишкиот симфониски оркестар е единствена институција во Србија од таков профил, да не е од Белград, а да делува […]

Над 40 филмови, на три локации: Време е за „Муви најт“ на 22. Синедејс 


Дваесет и второто издание на Фестивалот на европски филм Синедејс почнува вечерва, а отворањето и затворањето (на 18 јули) се во знакот на македонски премиери. Вечерва од 21 часот, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се прикаже „М“ во режија на Вардан Тозија. Поради голем интерес, закажана е и втора проекција од 21, […]

Првата дама Ѓоргиевска на „Охридско лето“ во црна тоалета со неколку слоеви симболика (фото)


Вечерна тоалета без ракави во црна боја, која заедно со деталите во косата, носат во себе неколку  слоеви на симболика поврзани со Охрид, избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на 63. Охридско лето што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски. Во преполниот Антички театар, во магична атмосфера, Ѓоргиевска пак блесна […]

Костадиновска-Стојчевска на отворањето на „Охридско лето“: Без уметноста, животот би бил неподнослива празнина


На Античкиот театар во Охрид, во присуство на многубројни домашни гости, но и гости од странство, синоќа, свечено беше отворено 63. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“. Фестивалот започна со концертот на светски позната оперска дива од Романија, Анџела Георгиу, која настапи со Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија и под диригентската палка на […]

Да оставаме вредности и патокази за следните генерации – Пендаровски го отвори 63. „Охридско лето“


Со најпознатите арии на Пучини, Верди, Прокофјев, Брамс… во изведба на светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, вечерва во Античкиот театар во Охрид беше отворено годинашното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Пред исполнетиот аудиториум на магичниот Антички, фестивалот за отворен […]

Костадиновска-Стојчевска вечерва се обраќа на отворањето на 63. издание на „Охридско лето“ – настапува оперската дива Анџела Георгиу 


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на 63. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“. Свеченото отворање на шеесет и третото издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе започне во 21:00 часот, со концерт на светски познатата оперска дива Анџела Георгиу, […]

Србија, Македонија и Албанија со изложба „Супстрати“ во Париз ја почнуваат сезоната на Отворен Балкан


Белград – Изложбата „Супстрати“, како дел од иницијативата Отворен Балкан, која е заеднички проект на тројца уметници од Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе биде официјално отворена утре во Културниот центар на Србија во Париз, јави допсиникот на МИА од Белград. На отворањето на изложбата, кураторот Клаудија Пецолд, основач на „Curating Evolution“, ќе им се […]