„Од никаде со љубов“- писателот Ѓорѓе Матиќ промовира роман во Скопје
Овој четврток (14-ти септември) во 19 часот, СПОНА – Српскиот културно-информативен центар во Македонија организира промоција на романот на Ѓорѓе Матиќ – „Од никаде со љубов“. Истата ќе се одржи во Конференциската сала на Јавна соба (Public Room). Со присуство на авторот, за неговото творештво на промоцијата ќе зборува професорката Елизабета Шелева, а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ. […]